School - Училиште

Успешни мерки за воведување дисциплина во училницата

Дисциплината е еден од позначајните предуслови за реализирање на соодветен наставен процес. Секој наставник може да изнесе бројни сопствени искуства во однос на недисциплината и начините преку кои тој се справил со неа, при што создал адекватни услови за реализација на прифатлив наставен процес. Следат неколку мерки кои во праксата се покажале како добри за враќање на работната атмосфера во училницата и нормална реализација на наставата.

Превенцијата е од голема корист во одржувањето на добра работна атмосфера во училницата. Тоа подразбира, за да не дојде до нарушување на работната атмосфера во училницата, навремено треба да се реагира. Искусниот наставник речиси секогаш може да ги детектира изворите на закана и да реагира пред тие да станат проблем. Во таа насока треба да се внимава кои ученици се најбучни во училницата и од каде може да потекнува изворот на одвлекување на вниманието на учениците. Пример, ученикот донел в училиште интересен предмет и го покажува за време на часот на учениците. Наставникот уште веднаш треба да му пристапи на ученикот и внимателно и културно да побара да му го даде предметот со објаснување дека истиот ќе биде вратен на крајот на часот или по завршувањето на истиот. На ваков начин неприфатливото однесување се спречува уште на самиот почеток.

Кога наставникот се справува со недисциплина во училницата треба точно да го детектирате изворот и да му се обрати нему, а не на целата паралелка како колектив. Доколку се обраќа на целата парелека одговорноста нема да ја преземе никој и никој нема да биде опоменат или пак да сноси одредени последици. Доколку вака се реагира без конкретно да се посочи изворот, постои опасност неприфатливото однесување да потрае во училницата и истото да добие на интензитет. Наместо тоа, треба да се идентификуваат учениците кои ја нарушуваат атмосферата во паралелката, да се издвојат од групата и пристојно да се разговара со нив во насока дека нивното однесување е неприфатливо и да им се укаже дека таквото однесување лошо влијае на целокупната клима во паралелката за реализација на еден нормален наставен процес. На ваков начин, издвојувајќи ги недисциплинираните ученици, останатиот дел од учениците внимателно ќе ја следат наставата во училницата.

Нема ништо ново да се каже, ако кажеме дека тивкото зборување, речиси шепотење, ефикасно може да влијае на воведување адекватна атмосфера за реализација на наставата доколку е нарушена дисциплината во училницата. Доколку се обидуваме да ја вратиме дисциплината во училницата со викање и зборување на висок тон тоа ќе влијае делотворно само на кратки патеки без некој позначаен ефект. Но, доколку тивко зборуваме тие ќе се напрегнат сакајќи да не слушнат така што меѓусебно ќе почнат да се опоменуваат и самите меѓусебе ќе почнат да воведуваат ред и прифатлива атмосфера за учење.

Секој наставник треба да изгради сопствен, личен авторитет и интегритет и јасно да им даде до знаење на учениците дека тој прво е нивен наставник, а потоа пријател. Исто така тој треба да им даде до знаење на учениците до каде смеат да се движат во комуникација со наставникот почитувајќи го како нивен едукатор. Доколку наставникот го наметне својот авторитет врз учениците треба да очекува и соодветно нивно однесување кое ќе биде прифатливо и во функција на реализација на еден соодветен наставен процес во училницата. Авторитетот наставникот го стекнува преку својата стручност, почитување на училиштниот кодекс на однесување, како и почитување на законите и прописите поврзани со образованието. Учиниците ги имитираат нивните наставници, затоа наставниците треба да се пример за учениците. На учениците покажете им покрај тоа што сте поборник за почитување на стручност, правила и прописи, истовремено сте и поборник за одговорно, чесно и праведено оденесување. Вашата одговорност, чесност и праведност не треба да ја изнесувате декларативно туку треба да ја применувате практично во работата со учениците на тој начин што ќе им излезете во пресрет на сите нивни потреби.

Кога ќе забележите дека учениците не се дисциплинирани и нивното однесување не е во согласност со воспоставените правила за пристојно однесување при што од нивна страна се манифестира гласно зборување, викање и смеење, во тој случај наместо и вие да викате за да ги смирите и да им даете до знаење дека сте лути за ваквото нивно однесување, едноставно дајте им до знаење дека сте разочарани во нив и нивното однесување, дајте им до знаење дека ваквото нивно однесување не сте го очекувале и дека не им приличи. Дајте им до знаење дека сте разочарани од нивното однесување, а не дека сте разочарани од нив како личности. На ваков начин ги наведувате да размислуваат и да ги преиспитуваат нивните постапки, однесувања и одлуки.

Ј.Б.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.