Teachers - Наставници

ОБРАЗОВАНИЕТО НЕКОГАШ И ДЕНЕС – СПОРЕДБА

Воспитно-образовниот процес е динамична појава која како таква подлежи на промени. Дали воспитанието ги следи и е во чекор со новите општествено-технолошки појави и дали се менува со темпо кое ние го посакуваме? Тоа е сосема друго прашање кое бара поопсежна анализа.

Во текстот што следи низ неколку примери да видиме како образованието се менувало и трансформирало последниве педесетина години.

Пред неколку децении учениците кон наставниците имале многу поголема почит и респект што не е пример денес. Овој проблем не е евидентен само кај нас, туку истиот се бележи пошироко, ако така може да се каже во глобални рамки. Едно спроведено истражување во Америка вели дека пред околу пет децении вкупниот број од ученичката популација ги почитувала своите наставници 79%, за разлика од денес кога тоа е драстично намалено при што се бележи дека денешната ученичка популација наставници во Америка ги почитува само 31%. Во оваа насока загрижувачки е и фактот што денес родителите во однос на воспитно-образовниот процес и случувањата во училиштата повеќе им веруваат на нивните деца отколку на наставниците.

Пред повеќе децении во сите училишта, без разлика дали биле основни или средни сите ученици носеле училишни униформи. На тој начин се минимизирала класната нееднаквост. Денес сотојбата е сосема изменета. Учениците се облекуваат како што сакаат, а често нивната облека воопшто не е соодветна и делува непримерно за еден ученик. Последниве години во еден дел од основните училишта се прави напор повторно да се воведе училишната униформа (во средните училишта оваа појава е помала). Оваа акција е различно примена од чинителите на воспитно-образовниот процес. Наставниот кадар оваа акција целосно ја одобрува и поддржува. Кај родителите има поделеност (некои се за, а некои против, бидејќи меѓу другото купувањето училишна униформа дополнително го оптоварува семејниот буџет). Кај учениците во однос на училишната униформа има голем отпор и неприфаќање на истата, посебно кај учениците од средните училишта.

Во однос на користењето на нагледни средства ситуацијата за разлика од пред неколку децении е драстично сменета. Денес информатичката технологија нуди поинаков пристап со што наставата ја прави многу поинтересна за разлика од порано каде наставата се сведувала во најголема мерка само на фронтален настап на наставникот. Но за жал и во ова време на развиена технологија во нашите училишта, гледано целосно, кон информатичката технологија има извесен отпор и нејзино занемарување. Наставниот кадар (кој не ја користи информатичката технологија) треба да знае дека примената на ИКТ ја прави наставата многу подинамична и поинтересна, а на учениците им го привлекува вниманието во однос на она што се реализира на наставниот час.

Според претходно споменатото истражување денес во Америка околу 38% од жените имаат завршено високо образование, за разлика од мажите каде тој процент изнесува 31%. Но тоа не било секогаш така, тој процент пред околу пет децении изнесувал 12% во корист на жените, а 20% во корист на мажите. Оваа состојба се бележи и кај нас. Порано женскиот пол бил помалку едуциран во однос на високото образование што не е пример денес. Денес може да се каже дека и кај нас бројот на запишани студенти од женскиот пол на високообразовните институции е поголем во однос на запишаните студенти од машки пол.

Поголемиот број од запишаните студенти високото образование го оформуваат пред својата 30 година. Во однос на севкупното образование ние како држава не можеме многу да се пофалиме, како показател може да ни послужи ПИСА тестирањто каде нашата земја е рангирана речиси на самото дно. Нашите ученици во училиште за разлика од своите врснци од Сингапур, Хон-Конг, Финска итн. добиваат знаење кое практичко потешко може да го употребат во нивниот реален живот. Нашите врсници, за разлика од нивните врсници од претходно споменатите земји според своето усвоено знаење заостануваат три учебни години (Во однос на тоа како било порано, авторот на овој текст не може да изнесе податоци бидејќи не располага со истите. Но реално пред повеќе децении нашата тогашна земја во чии состав била и Македонија прашање е дали учествувала во меѓународни тестирања од споменатиот вид). Во оваа насока мора да се преземат радикални мерки за подобрување на образованието во нашата земја почнувајќи од наставничките факултети каде се образува идниот наставен кадар.

Пред повеќе децении учениците биле многу поодговорни во однос на севкупниот воспитно-образовен процес. Учениците имале многу поголема одговорност и активно се залагале и учествувале во училишниот живот почитувајќи ги пропишаните правила од страна на  училиштето и оние кои произлегувале од законите за образование. Наставниците реално оценувале и имале поголем авторитет кој првенствено се должел на нивната стручност и односот кон учениците каде што на учениците им давале до знаење до каде може да одат во нивните меѓусебни комуникации непречекорувајќи ја линијата која го двои наставникот од учеикот. Денес состојбата е поинаква. Оценките на учениците не го отсликуваат нивното вистинско знаење, а многу често се случува линијата која ги двои наставниците и учениците да биде прекршена, каде што наставниците им даваат преголема слобода во однесувањето на учениците, загрозувајќи го и урнисувајќи го на тој начин својот дигнитет и авторитет.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.