School - Училиште

Совети како да станете успешно училиште во кое ќе сака да се запише секој ученик

Денес сме сведоци на оспиување на бројот на ученици во училиштата, оваа појава потикнува  „борба“ на училиштата за привлекување и запишување на ученик повеќе. За жал ова не е пример само во средните училишта, оваа појава е сè поприсутна и во основните училишта. За да едно училиште биде посакувано место каде учениците ќе го стекнат своето воспитание и образование треба да функционираат успешно. Во текстот што следи дадени се неколку насоки за успешно функционирање на училиштето.

За да функционирате како успешно училиште треба:

  • да бидете видливи за заедницата во која функционирате како образовна институција;
  • да се прилагодувате на брзите општествени промени;
  • да ги користите сите ресурси кои ви се ставени на располагање и да бидете во можност да детектирате дополнителни ресурси во сите предизвици и можности кои ви се нудат;
  • учениците во вашето училиште да соработуваат, меѓусебно да се поддржуваат и да се залагаат во насока на остварување на зедничките зацртани цели;
  • на учениците да им влеете љубов кон пишаниот збор, учениците да читаат и пишуваат затоа што сакаат, а не затоа што мораат;
  • да бидете самокритични во своето работење и да бидете свесни за сопствените неуспеси и ограничувања на кои посветено ќе работите за да ги надминете;
  • да имате воспоставено сет од позитивни мерки кои од заедницата се препознаени и високо вреднувани;
  • учениците кои учат кај вас да ги перпознаваат позитивните вредности кои наставниците секојдневно им ги укажуваат и им ги посочуваат;
  • да ги препознаете потребите на учениците, родителите и заедницата;
  • да нудите помош и соработка на другите училишта и другите образовни институции;
  • да ги следите и поддржувате позитивните промени;
  • да манифестирате отвореност и спремност за соработка со секој ученик и неговите родители, тие во вашето училиште да се чувствуваат добродојдени;
  • учениците кои учат во вашето училиште да искажат подготвеност и стремеж за активно вклучување и учество во функционирањето на сите училишни органи;
  • меѓусебно да се менувате со учениците, тоа подразбира, вие нив да ги менувате во насока од нив да создадете луѓе кои подготвено ќе се справат со сите животни предизвици и учениците да го менуваат училиштето во насока на негово позитивно функционирање;
  • да знаете да направите разлика помеѓу лошата идеја и лошата имплементација на добрата идеја;
  • да планирате и имплементирате континуиран професионален развој на наставниците;
  • да имате реална визија и мисија кои нема да бидат само милозвучни и реално неостварливи;
  • да ја следите и вреднувате работата на наставниците и сите вработени;
  • да бидете подготвени и спремни за промени кои ги носи реалниот живот;
  • да ги учите учениците практично да размислуваат и делуваат;
  • да ги прилагодите наставните програми согласно можностите и опкружувањето каде функционира училиштето;
  • да ги почитувате етничките, половите, социјалните, верските определби и правата на учениците;
  • учениците да ги подучувате и насочите во она што се добри и во областите каде покажуваат интерес, а истовремено незапоставувајќи ги и другите наставни предмети;
  • да ги поттикнувате учениците да веруваат во себе и во иднината која им претстои;
  • да ги подучувате и поттикнувате учениците да планираат, креираат и практикуваат позитивни нешта од кои целото општество ќе има корист;
  • да се поврзувате со други добри училишта, а на истата постапка треба да ги поттикнувате и учениците;
  • да се стремите кон просперитет, а не да тапкате во место;
  • да им дадете на учениците функционално знаење кое ќе го практикуваат во реалниот живот;
  • да создавате креативни ученици кои позитивно ќе ве изненадат со нивните размислувања и делувања;
  • да ги поттикнувате наставниците и учениците да се грижат за планетата Земја;
  • да ги поттикнувате учениците да ја сакаат и почитуваат земјата во која живеат;
  • да ги поттикнувате учениците да градат успешни училишни заедници кои функционално ќе соработуваат меѓусебно;
  • да имате богата библиотека (медиотека) која учениците саминицијативно ќе сакаат да ја посетуваат;
  • на наставниците да им обезбедите функционални нагледни средства, и достапност до материјали за печатење на потребните наставни ресурси;
  • да организирате училишни настани и да ги одбележувате празниците, ставајќи посебен акцент на државните празници;
  • да побарате помош од стручни лица кога за тоа ќе се јави потреба, а не проблемите сами да ги решавате ако не знаете како или не сте доволно квалификувани;
  • да организирате функционални и продуктивни состаноци;
  • да ги користите финансиските средства наменски;
  • да бидете отворени за пилотирање на различни проекти и програми кои се во насока на позитивно функционирање на воспитно-образовниот процес;
  • да бидете отворени и соработливи кон надворешните евалуации на вашето училиште;
  • да ги поддржувате и помагате учениците, никогаш не треба да се откажувате од нив;
  • да побарате стручна помош од други институции кога за тоа ќе почувствувате потреба;
  • да ја гледате иднината, но не треба да го заборавите минатото;
  • правилно да ги насочувате учениците во однос на нивната професионална ориентација, согласно нивните интереси и можности;
  • успешно да го детектирате талентот на секој ученик и истиот да го поттикнувате кај ученикот;
  • да ги детектирате учениците кои покажуваат натпросечен успех и истите да ги поддржувате и охрабрувате кон нивен понатамошен просперитет и развој;
  • да имате способен училишен менаџмент кој успешно ќе го води стручното и финансикото функционирање на училиштето;
  • да се грижите за севкупната состојба на вашите вработени;
  • да учествувате на сите натпревари и на истите да се трудите да остварите врвни резултати (неводејќи се од олимпиското мото „Важно е да се учествува“. Секако дека е важно да се учествува, но уште поважно е да се победи);
  • да создаде прифатлива училишна клима каде сите меѓусебно ќе соработуваат и ќе се почитуваат.

Ј.Б.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.