Teachers - Наставници

Стратегии за оценување кои може да ги користите во секојдневната настава

Оценувањето на постигањата на учениците е процес кој секојдневно се применува во наставата. Тој треба да се заснова на критериуми и стандарди за оценување, и примена на соодветни стратегии кои ќе им бидат јасни на учениците. Но истовремено може да се примени и оценување од страна на учениците на наставата, односно начинот на кој предава наставникот за да тој знае колку она што го предава и начинот на кој тоа го предава им е јасен на учениците. Подолу во текстот се дадени стратегии за оценување, но и совети околу планирањето и дизајнирањето на наставниот процес. Стратегиите за оценување на постигањата на учениците и начинот на предавање на наставниците се функционални и применливи во секојдневниот наставен процес.

Поставување прашања од отворен тип

Избегнувајте да поставувате прашања на кои ќе добиет одговор „да“ или „не“. Поставувајте отворени прашања на кои ќе добиет поопширни одговори со што ќе имате увид колку учениците го разбрале и совладале наставниот материјал кој сте им го предавале.

Практична примена на стекнатото знаење

По реализацијата на наставната содржина последните 5 минути побарајте од учениците да запишат, а потоа и да ви прочитаат како и каде може да го употребат стекнатото знаење или вештина од часот во реални, односно практични услови.

Сумирање на предаденото од страна на учениците

Пред да заврши часот побарајте од учениците да направат едно резиме од она што го научиле. Формата на излагање може да биде писмена или усна.

Организирајте квиз

Преку оваа стратегија ќе внесете проверка на знаењата учениците преку еден забавен начин, каде истовремено ќе го поттикнете натпреварувачкиот дух помеѓу учениците.

Невербална комуникација со помош на рацете

Со помош на рацете учениците за да не го прекинуваат предавањето на наставникот може да му сигнализираат колку им е јасно она што тој ним им го предава. На пример, доколку ученикот покаже еден прст, на наставникот му сигнализира дека она што тој го предава воопшто не му е јасно, а доколку ги покаже сите пет прсти тоа би значело дека сè што предава наставникот на ученикот му е потполно јасно. Оваа е добра стратегија без да се нарушува предавањето наставникот да има едена сумарна повратна информација колку учениците го разбираат она што тој го предава и начинот на кој тоа го предава.

Одговори со картички

Оваа стратегија подразбира наставникот да има претходно подготвени картички со одговори (да, не или можеби, или пак картички во боја: зелен жолт и црвен). Оваа стратегија може да се примени кога наставникот поставува прашања од затворен тип. На овој начин се губи помалку време, наставникот може да добие сумарни сознанија за напредокот на целата паралелка и истовремено може да постави поголем број прашања.

Одговор преку четири агли

Преку оваа стратегија наставникот на забавен начин може да го дознае мислењето, односно одреден став на учениците во однос на поставено прашање, а потоа да се отвори дебата каде учениците ќе дебатираат зошто така одговориле. Оваа стратегија функционира на тој начин што наставникот поставува прашање а учениците избираат еден од 4 агли во училницата и застануваат во тој агол. Едниот агол се однесува на одговрот „целосно се согласувам“, вториот агол се однесува на одговорот „делумно се согласувам“, третиот агол се однесува на одговорот „малку се согласувам“ и четвртиот агол се однесува на одговорот „воопшто не се согласувам“.

Одговаарање во пар

Оваа стратегија функционира на тој начин што откако наставникот ќе го постави прашањето, првично ученикот заедно со својот сооученик од клупа меѓусебно одговараат и се договараат, а потоа одговорот го изнесуваат јавно пред целата паралелка.

Концепт на читање

Додека уеникот го чита текстот наставникот ја следи и бележи флуентноста, дикцијата, изговорот на согласките и самогласките, а потоа му дава повратна информација.

Необични одговори

Наставникот поставува необично прашање за да добие несекојдневен одговор од страна на учениците. Учениците за да размислат и одговорат на ова прашање имаат само една минута. На овој начин се поттикнува брзото размислување кај учениците, а се очекуваат и несекојдневни креативни одговори.

Суштинско прашање

Наставникот поставува едно суштинско прашање или кажува одредено прашање во кое е содржана одредена тема. Целта е да се иницираат дополнителни прашање и одговори преку низа или последователност. На ваков начин наставникот проверува, а истовремено и ги подучува учениците да формулираат прашања кои поттикнуваат дискусија и поттикнуваат ново разбирање на поимот или темата која е предмет на дискусија.

Стратегија 3-2-1

Пред завршување на часот учениците одговараат на три прашања 3) Што научиле од лекцијата? 2) Што дополнително сакаат да знаат во врска со лекцијата? 1) Што претходно знаеле во однос на лекцијата? На ваков начин учениците активно размислуваат во однос на материјалот кој го содржи наставната содржина?

Кратка проверка

Учениците кратко пишуваат сумарно за она што било предавано на часот. Целта на наставникот е да провери колку од она што било предавано на часот запомиле учениците.

Нерелевантни информации

На учениците изнесете им факти кои не се релевантни и не се точни. Целта е да проверите дали учениците размислуваат логично и правилно. И дали знаат да ги разграничат точните од неточните одговори.

Дијагностичко оценување

Пред да се реализира нова наставна тема, наставникот треба да провери со какви предзнаења располагаат учениците во однос на таа тема за да знае како да ја планира наставата во однос на наставните содржини кои се составен дел од темата.

Зошто – Затоа што

Наставникот при испрашувањето на учениците како клучни ги користи зборовите „Зошто“ и „Затоа што“. Прашањата кои ги поставува наставникот започнуваат со „Зошто“, а одговорите кои ги даваат учениците започнуваат со „Затоа што“.

Неколкукратна проверка на лекцијата која ја реализирате.

Додека предавате нова лекција во три наврати накратко прекинете го предавањето и при секое прекинување поставете прашања во однос на она што дотогаш сте предавале.

Блумова таксономија

Прашањата и очекуваните одговори тежински креирајте ги според Блумовата Таксономија.

Ученик проверува ученик

Дајте им можност на учениците меѓусебно да поставуваат прашања. На ваков начин вие добивате сознанија колку го научиле и разбираат наставниот материјал не само оние кои одговараат туку и оние кои ги поставуваат прашањата.

Ј.Б.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.