School - Училиште

Како да создадете ефикасна средина за учење

За реализација на успешна настава предуслов е креирање на ефективна средина за учење каде учениците ќе бидат интелектуално активни.

Љубопитноста пропратена со дополнителна страст за учење ефективно влијае и предизвикува позитивен исход од учењето. Љубопитноста се манифестира преку поставување прашања од страна на учениците за она што е предмет на изучување. Љубопитноста и страста треба да произлезат и да бидат поттикнати од страна на наставниците. За таа цел наставниците треба да создадат атмосфера каде љубопитноста и интересот кај учениците ќе се охрабрува и поттикнува.

Добрите прашања се многу битни при креирањето на една ефективна средина за учење. Прашањата не треба да бидат поставени сами по себе само колку да бидат поставени и од нив да се очекува одговор. Многу е важен квалитетот на прашањата и она што се очекува да се добие како одговор од нив. Слободно може да се каже дека прашањата се поважни од одговорите. Квалитетот на одговорот пред сè ќе зависи од квалитетот на креираното прашање. Добро креираните прашања треба да го поттикнат и насочат ученикот во неговото учење

Креативната настава многу зависи од посветеноста на наставникот и изворите кои тој ги користи при реализацијата на наставните содржини. За креативниот наставник учебникот е само еден од многуте ресурси за учење, тој за да ја направи секојдневната настава поинтересна и попредизвикувачка за учениците користи различни релевантни и проверени извори за учење: интернет, електронски апликации, енциклопедии, списанија итн. Исто така, креативниот наставник наставниот процес го прави интерактивен, а целта му е ученикот да не биде пасивен, туку активен субјект за време на целиот час.

Ефективната средина за учење се одликува со различни модели на учење. Учење базирано на истражување, анкетирање, дебатирање, е-учење, кооперативно учење итн.

Во ефективната средина за учење наставникот се труди податоците и поимите содржани во наставната лекција на учениците да им ги доближи и појасни преку примери кои се блиски и разбирливи за нив, и со кои учениците се сретнуваат во нивното секојдневие. На ваков начин поимите, податоците и новите содржини учениците ги осознаваат и усвојуваат полесно и ги помнат долготрајно.

Ефективната средина за учење е онаа средина каде искусниот наставник наставата ја креира и реализира согласно интересите, развојните карактеристики и можности на учениците. Согласно интересите на учениците, нивните карактеристики и интереси наставникот креира стратегии и техники за реализација на наставната содржина и темпото на реализација на наставниот материјал.

Ефективната средина за учење во однос оценувањето креира оценување кое е континуирано. Секој одговор на ученикот се евидентира на транспарентен начин. За секој ученик наставникот води збирка со докази за неговите постигнувања во која се бележат писмените, усните или практичните изработки како одговори, а подоцна врз основа на доказите кои се составен дел од збирката за постигнувањата на учениците се изведува сумарната оценка за ученикот.

Учениците не треба да се оптоваруваат со процедури, стандарди, критериуми итн. Тие не се креирани да ги користат учениците туку се креирани да ги користат нивните наставници. Учениците треба да се насочуваат кон ефективно учење и ефективни исходи од тоа учење.

Ефективната средина за учење подразбира постојано ревидирање на наставните планирања и предавања врз основа на забелешките од оперативниот план за час кој наставникот го пополнува по завршувањето на истиот. Врз основа на тие забелешки, интереси и карактеристики на учениците, наставниците ги ревидираат планирањата и ги моделираат согласно потребите на учениците.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.