Teachers - Наставници

Карактеристики на добрите и лошите прашања во наставата

Двете најзначајни функции од кои се тргнува при креирањето на едно прашање е да се процени (евалуација) на стекнатото знаење и втората да се поттикне размислувањето (реторичко) кај ученикот.

Целта на прашањето за евалуација е:

  • да се процени знаењето;
  • да се процени длабочината на стекнатото знаење;
  • да се идентификуваат празнините во однос на усвоеното знаење;
  • да се идентификува способноста за пренесување на знаењето.

Целта на реторичкото прашање е:

  • да се поттиккне размислувањето;
  • да предизвика одреден ефект;
  • да ги поттикне емоциите;
  • да го продолжи размислувањето;
  • да ја продолжи дијалошката интеракција.

При креирањето на едно прашање намерата ни е со тоа прашање да ја постигнеме посакуваната цел, а втората замисла ни е преиспитување и осигурување дали прашањето ќе ја постигне посакуваната цел.

Во текстот што следи направен е еден обид да се изнесат лошите и добрите карактеристики на едно прашање.

Карактеристики на лошото прашање

  • Прашањето не ја постигнува целта за која е креирано.
  • Прашањето не е насочено кон содржината за која е наменето.
  • Голем процент од учениците не го разбираат прашањето.
  • Прашањето ги насочува учениците, односно поттикнува размислување кај нив во друга насока, а не во насока кон остварување на целта која сака да ја постигне наставникот.
  • Прашањето не го поттикнува понатамошниот процес на размислување.
  • Погрешно креирано и поставено прашање на кое нема одговор или има делумен одговор.
  • Прашањето е преобемно и непотребно оптоварено со непотребни зборови.
  • Прашање кое ниту интелектуално, ниту емоционално не го поддржува напредокот на ученикот.

Карактеристики на доброто прашање

  • Без разлика на тоа дали прашањето е евалуаторско или реторичко ја постигнува посакуваната цел.
  • Прашањето креира критичко размислување и на истото се добиваат креативни одговори (поврзани со повисоките нивоа од Блумовата таксономија).
  • Прашањето кај ученикот поттикнува поопширно и подлабоко размислување.
  • Прашањето е суштинско и точно прецизирано.
  • Сите прашања поставени од учениците, а се поврзани со наставната содржина.
  • Прашање кое го поттикнува емоционалното и интелектуалното размислување на учениците.
  • Прашање кое од ученикот бара да синтетизира повеќе размислувања, информациите ученикот да може да ги обедини во една целина и како такви да ги интерпретира создавајќи квалитетен одговор.
  • Прашање кое лесно може да се трансформира низ сите шест нивоа на Блумовата таксономија.

Ј.Б

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.