Students - Ученици

ПОСТАПКА ЗА РЕГУЛИРАЊЕ НА ОТСУСТВО НА УЧЕНИК

  1. Одделенскиот раководител редовно го запишува отсуството на ученикот во одделенскиот дневник.
  2. Одделенскиот раководител треба да обезбеди информација зошто и каде е отсутниот ученик преку лекарска белешка или изјава дадена од родител или близок роднина на ученикот.
  3. За ученикот што има направено повеќе од десет неоправдани или сто оправдани изостаноци се спроведува постапка за советување  на родители и постапка за советување на ученици, според Законот за основното образование.
  4. Доколку ученикот отсуствува последователно 30 работни дена, одделенскиот раководител пред навршувањето на триесетиот ден од ненајавеното отсуство го информира (усно или писмено) родителот на ученикот дека ќе биде пријавен до просветен инспектор.
  5. Одделенскиот наставник и одделенскиот раководител го информира стручниот соработник за отсуството и му доставува целосни податоци за ученикот и родителот.
  6. Стручниот соработник доставува пријава за родителот до надлежниот просветен инспекторат и го известува одделенскиот раководител за датумот на пријавувањето.
  7. Одделенскиот раководител го запишува датумот на пријавување кај соодветниот ученик (во именикот и прозивникот).
  8. Од датумот на пријавување на родителот до просветен инспектор, ученикот се запишува како отсутен само еднаш неделно (секој понеделник, во забелешка).

*   На отсутен ученик за кој има информација дека е заминат во странство или бил осипан и претходната учебна година, не му се изрекува педагошка мерка.

*   Оној ученик што не ја посетува наставата најмалку една третина од фондот на наставни часови поради болест или оправдани и неоправдани причини се води како неоценет и на крајот на годината полага одделенски  испит.

*  На ученикот што навршил 16 години му престанува  обврската за редовно основно образование со истекот на учебната година. Наставничкиот совет донесува одлука за престанок на обврската на ученикот за редовно основно образование. Одделенскиот наставник и одделенскиот раководител е должен да го информира родителот за донесената одлука (усно или писмено) и притоа да го упати родителот да го запише детето во основно училиште за возрасни заради продолжување на неговото образование како возрасен ученик.

Извор: Водич за работа на училишниот инклузивен тим

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.