Teachers - Наставници

НАСОКИ ЗА ИЗРАБОТКА НА ИОП (пример од училиште)

СТРУКТУРА на индивидуалниот образовен план (ИОП)

Во прилог на основни лични информации во врска со детето, ИОП вклучува:

–  опис на сегашното ниво на функционирање на детето/развоен статус во целина, а потоа по области на развојно-когнитивниот, емоционалниот, физичкиот и социјални- от статус;

–  индивидуални карактеристики на детето: преференции,  способности, потреби, инте- реси;

–  области во кои е потребна поддршка (област во која напредокот оди побавно);

–  приказ на сегашно ниво на постигнувања, добиени од податоците собрани во текот на процесот на евалуација;

–  целите што треба да се вршат во даден временски период;

–  видови, нивоа, содржината и фреквенцијата на поддршката;

–  структурата на тимот и нивните задачи во спроведувањето на ИОП;

–  место на имплементација на ИОП (училиште, училница…);

–  метод на набљудување  и евалуација на целите;

–  рок во текот на учебната година.

ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ

Целите укажуваат на посакуваните резултати  или достигнувања што се очекуваат по планираното време за нивно постигнување. Очекуваните резултати  се изразени  како позитивни искази  што го опишуваат  однесувањето, кое претходно се набљудува  (она што го постигнува ученикот, отколку она што ќе се постигне), или вештини, или настан што ќе се случи за време на спроведувањето на ИОП или по неговото спроведување.

Целите може да бидат краткорочни (неделни,  месечни) или долгорочни (полугодишни, го- дишни), во зависност од периодот на времето што е дефинирано.

Добро дефинираните цели се јасни, конкретни, остварливи и мерливи. Важно е целите да се дефинирани така што ќе може да се измери нивното постигнување.

Остварливоста на целите се проценува не само во однос на можноста на детето туку и на реалните можности на родителите  и на училиштето да се вклучат во стимулирање на детето. Високо поставените цели може да доведат  до стагнација  или регресија  во развојот на детето, да имаат негативно влијание врз самодовербата и мотивацијата.

При поставување на целите многу е важно да се одреди редоследот или приоритетот.  По- некогаш  е важно  прво да се создадат услови за да биде успешно детето во некоја активност, со цел да се подигне нивото на самодоверба, а потоа да се работи за да се постигнат некои повисоки  образовни цели.

Задачите се потребните чекори што треба да се преземат  за да се постигне конкретната цел и треба добро да се разработат и да се конкретизираат.

Кога ќе се определуваат  конкретни активности што ќе доведат до постигнување  на целта, не смееме  да заборавиме  да одговориме на прашањата: кој, кога и каде да ги спроведе планираните активности.

ДОКУМЕНТАЦИЈА НА НАПРЕДОКОТ И ЕВАЛУАЦИЈА НА ЕФЕКТИВНОСТА

Составен  дел на индивидуалниот  образовен план е постојано оценување и собирање по- датоци што ќе се користат за да се утврди напредокот на детето. Меѓу методите  за оцену- вање се: примероци од изработки,  забележани шеми на однесување, листи за проверка, анегдотски белешки, тестови врз основа на критериумите за постигнување.

Да се одреди местото  на реализација  на индивидуалниот  образовен план. Најприродната средина  и најдоброто место  за спроведување на индивидуалниот  образовен план е учи- лиштето/училницата. Затоа треба да се создадат услови за негово спроведување во рам- ките на заедничките активности  во училницата, каде што е можно, бидејќи издвојувањето на детето во одделението може да биде обесхрабрувачки. Дел од планираните активности може и треба да се спроведуваат во семејното опкружување со поддршка на родителите, браќата и сестрите. Кога планот ќе ги зацрта индивидуалните  вежби (на пример говорот), и тие не можат да се реализираат во училиште, нивната реализација  е можна во сервисен центар, здравствен центар или дома.

ПРИНЦИПИ НА ТИМОТ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ДЕТЕТО

–  Комплетна,  сеопфатна проценка на детето, земајќи ги предвид сите аспекти на него- виот развој и живот.

–  Почитување на желбите на родителите  и на децата секогаш кога тоа е можно (нашите цели не смее да се наметнуваат, бидејќи тоа ќе води кон отпор и покажување на нега- тивните емоционални реакции што ќе нè вратат назад). Комуникацијата помеѓу чле- новите на тимот е партнерска, со почитување на мислењата и предлозите  на сите во тимот, кои можат да бидат различни, бидејќи однесувањето на детето не се случува во ист социјален контекст или време. Ова е особено важно кога детето доаѓа од културни и социјално загрозените средини.

–  Тимот е фокусиран на потенцијалите на детето и тие ги одредуваат активностите и ин- дивидуалните задачи на секој член на тимот. Задоволството на детето е силна основа за создавање и одржување на мотивацијата. Тоа е од суштинско значење дека рабо- тата има мали, но остварливи успеси и достигнувања и за нив се свесни сите (родител и дете и членовите на тимот, наставници).

–  Главната  цел/приоритет  е секогаш  во најдобар  интерес  на детето  (образование, работа,  мотивација,  чувство на успех,  прифаќање  од соучениците)  и треба да биде единствен критериум за валидноста на мерките и целите (членовите на тимот може да имаат различни идеи за тоа што е најдобро за детето, различни стимули што даваат резултати).

ОЦЕНУВАЊЕ

Со имплементацијата на индивидуалниот  образовен план се поставуваат следниве  пра- шања: Како да се врши оценувањето на детето со попреченост, кое учи во редовните учи- лиште според ИОП? Дали да се врши во однос на државните стандарди за оценување или во однос на целите во ИОП.

Ако детето добро напредува и ако постигнува одредени резултати  од индивидуалните  об- разовни планови, но тие достигнувања сè уште се под или на работ на минимум од исходот од планираните активности, ќе го оцениме за постигнатото, а останатото ќе продолжиме да го реализираме. Ќе направиме своја проценка и ќе ја споделиме со членовите на инклузив- ниот тим и ќе донесеме заедничка одлука.

Оценката треба да биде мотивирачка за детето и секогаш кога е можно треба да се користи описното оценување.

Извор: Водич за работа на училишниот инклузивен тим

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.