Students - Ученици

Што содржи добриот тест за проверка на знаењата на учениците?

Тестот за проверка на знаењата претставува алтака која служи да се провери колку учениците го совладале наставниот материјал кој наставникот им го предавал, било тоа да се однесува за неколку наставни содржини или една тематска целина.

Следат карактеристики кои го одликуваат добриот тест за проверка на знаењата на учениците:

  • Утврдува во која мерка учениците ги усвоиле наставните цели.
  • Дава податоци во која мерка учениците го совладале наставниот материјал.
  • Обезбедува информации за краткорочниот, односно долгорочниот напредок на ученикот.
  • Застапени се различни нивоа од Блумовата таксономија.
  • Учениците ги поттикнува на активно и логично размислување.
  • Бара логични, функционални и употребливи информации како одговори кои ќе имаат долгорочна употреба.
  • Продуцира лесен трансфер на знаења.
  • На учениците им овозможува интелектуален, креативен и емоционален напредок.
  • Кога се креираат прашањата се имаат предвид потребите за учење на сите ученици.
  • Ги детектира областите кои учениците ги немаат доволно совладано или пак недоволно ги разбираат, со тоа што на наставникот му дава јасна информација во кој правец да го насочи подучувањето.
  • Ги детектира областите кои учениците без проблем ги имаат совладано и им се јасни.
  • Од добиените одговори наставникот има јасна претстава како да ја креира понатамошната настава.
  • При креирањето на прашањата се тргнува од стандардите за оценување.
  • Тестот е изготвен врз критериумите за оценување.
  • За тестот постои бодовна скала со точно одредени постигнати бодови за секоја оценка.
  • Прашањата се јасни и недвосмислени.
  • Го поттикнуваат понатамошно учење кај учениците.
  • Претставува релевантен доказ во портфолиото за напредокот на ученикот.
  • На ученикот му дава јасна повратна информација до каде е во однос на постигнатите знаења и што треба да сторат во иднина да го подобрат понатамошниот личен напредок.
  • На наставникот ќе му овозможи конкретни повратни информаци кои ќе му користат за ревидирање и креирање на понатамошни инструкции.
  • Повратните информации се целосно употребливи.
  • Временската рамка од еден наставен час е доволна да се дадат одговори на сите барања во тестот.
  • Јасно дефенирано што се бара од ученикот да одговори.
  • Понудените дистрактори нема збунувачки да делуваат на ученикот, на начин што тој нема да може јасно да се определи кој да избере како точен одговор.
  • Поставените прашања нема да бидат дискриминаторски по ниту една основа.
  • На учениците им овозможува да изнесат автентични одговори онака како ги разбрале наставните содржини без потреба да изнесуваат податоци научени напамет.

Ј.Б.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.