Teachers - Наставници

20 КАРАКТЕРИСТИКИ НА ЕФЕКТИВНАТА НАСТАВА

Кога се зборува за ефективна настава пред сè се мисли на ефективноста на наставниците во однос на нивниот севкупен допринос во воспитно-образовното работење, а помалку на учењето манифестирано од страна на учениците. Ефективноста од залагањето на наставникот за постигнување висок резултат во однос на неговата работа треба да функционира во комбинација со високо-ефикасна среднина за учење.

Подолу се дадени 20 карактеристики кои ја отсликуваат ефикасната настава:

  • Наставата која треба да се реализира, претходно треба да биде добро испланирана и организирана.
  • Учениците треба да се третираат со почит и грижа.
  • Истакнување, односно нагласување на важните работи кои треба да се научат.
  • Појаснување на новите поими и сите поими кои не им се доволно јасни на учениците.
  • Користење интерактивни наставни техники кои бараат од учениците активно да учествуваат во текот на целиот наставен час.
  • Целите да се јасно дефинирани и од истите да произлегуваат јасни исходи.
  • Користење разновидни нагледни средства кои се во корелација со целите, исходите и наставната содржина која се реализира на часот.
  • Јасни повратни информации преку кои јасно на учениците им се соопштува како напредуваат во учењето.
  • Пофалби и мотивирање на учениците во однос на нивните изнесени одговори.
  • Се користат примери кои им се целосно јасни на учениците и со кои тие се сретнуваат во нивниот секојдневен живот.
  • Изнесените информации на крај подлежат на сублимирање и резимирање.
  • Учениците се поттикнати јасно и гласно да ги изнесат сопствените размислувања, видуавања и забелешки.
  • Наставникот користи темпо на работа кое е согласно возраста и когнитивните карактеристики на учениците.
  • Јазикот и изразите кои ги користи наставникот се разбирливи за учениците.
  • Се користи хумор кој е во насока на поддршка на наставниот процес.
  • Евидентна е неврбалната комуникација која ја надополнува и дообјаснува вербалната комуникација.
  • Подеднаков однос кон сите ученици од паралелката.
  • Повратните информации од учениците се користат за понатамошно планирање и моделирање на наставниот процес.
  • Училишната клима е прифатлива за сите ученици.
  • Користење современа ИКТ.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.