School - Училиште

ЗА ИНДИКАТОРИТЕ ПОВРЗАНИ СО ИНТЕГРАЛНАТА ЕВАЛУАЦИЈА

Индикаторите се организирани во седум клучни области (соодветни на рамката за самоевалуација и на интегралната евалуација) кои се однесуваат на главните аспекти од работата на училиштето:

  1. Наставни планови и програми
  2. Постигнувања на учениците
  3. Учење и настава
  4. Поддршка на учениците
  5. Училишна клима и односи во училиштето
  6. Ресурси
  7. Управување, раководење и креирање на политика

Секоја клучна област содржи одреден број на индикатори за квалитет.

Пример, подрачјето 3: Учење и настава ги содржи следните индикатори за квалитет:

3.1   Планирање на наставниците

3.2   Наставен процес

3.3   Искуства на учениците од учењето

3.4   Задоволување на образовните потреби на учениците

3.5   Оценување како дел од наставата

3.6   Известување за напредокот на учениците

Секој индикатор има одреден број на теми кои се однесуваат на одредена активност што се следи во училиштето.

Пример, индикаторот 3.3 Искуства на учениците од учењето ги содржи темите:

­ Средина за учење

­ Атмосфера за учење

­ Охрабрување на учениците за преземање на одговорност

­ Интеракција на учениците со другите

Темите се евалуираат на четири нивоа (многу добро, добро, делумно задоволува и не задоволу­ва). Детално се опишани две нивоа (многу добро и делумно задоволува) и вклучуваат специфични илустрации кои имаат за цел да креираат заедничко разбирање за балансот меѓу јаките и слабите страни на училиштето.

­  Со многу добро се евалуираат аспекти од работата на училиштето каде преовладуваат јаките страни. Може да постојат мал број слаби страни, меѓутоа тие значително не влијаат на искуството што го имаат учениците во училиштето. Иако многу добро е највисок стандард, сепак тој стандард може да го постигне секое училиште. Тој укажува дека училиштето во тој аспект е добро и не треба да прави позначајни прилагодувања. Сепак, се очекува училиштето да про­ должи да го одржува високото ниво на тој аспект и да ги користи сите можности и добри пракси што му се нудат за понатамошно подобрување.

­  Со добро се евалуираат аспекти од работата на училиштето каде постојат бројни јаки страни. Има слаби страни, но тие ниту поединечно ниту групно немаат значително негативно влијание на искуството што го имаат учениците во училиштето. Евалуацијата добро може да се даде под бројни околности. На пример, учењето и наставата се соодветни и како резултат на тоа искуството на учениците е позитивно, сепак може да се дојде до сознание дека на учениците не им се нуди доволно предизвик. Најчесто овој аспект се карактеризира со јаки страни, но има една или повеќе слаби страни кои влијаат на севкупниот квалитет на искуството што го имаат учениците.

­  Со делумно задоволува се евалуираат аспекти од работата на училиштето кои имаат некои јаки страни, но имаат и значителни слаби страни кои влијаат на искуството на учениците. Во целина, кога се евалуира со делумно задоволува, тоа значи дека училиштето треба да преземе структурни и навремени активности за подобрување на состојбите. Евалуацијата делумно задоволува може да се даде под бројни околности. Може да постојат јаки страни, но, исто така, и слаби страни кои индивидуално или групно може да го нарушат квалитетот на работата на училиштето.

­  Со не задоволува се евалуираат оние аспекти од работата на училиштето кога постојат значајни слаби страни за кои се потребни дополнителни активности од страна на училиштето. Искуството на учениците е загрозено во некои клучни аспекти. Во најголем број на случаи, наставата е оценета како незадоволителна и е потребна дополнителна поддршка од раководството во планирање и спроведување на соодветни активности за подобрување. Ова може да вклучува потреба од поддршка од искусни колеги од училиштето или надвор од него.

Постојат повеќе начини на кои може да се соберат докази за нивоата на квалитет: преку разговори со сите заинтересирани страни, разгледување на ресурсите и документацијата, директно набљудување и анализа на документи. Во продолжение на секој индикатор постои дел со извори на податоци од каде училиштата и инспекторите треба да ги црпат релевантни информации за секој индикатор.

Во целина, очекуваме овој документ да придонесе за понатамошни позитивни промени на состојбите во образованието во Република Македонија. Министерството за образование и наука и пона­ таму ќе го поддржува Државниот просветен инспекторат во периодично надградување и дополнување на овие индикатори врз основа на добрата пракса што постои во училиштата. Општата употребливост на индикаторите ќе овозможи континуирано партнерство на сите нивоа на образовниот систем што претставува дополнителна придобивка за сите инволвирани страни во образовниот процес.

Извор: Индикатори за квалитетот на работата на училиштата

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.