Students - Ученици

Совети за мотивирање на учениците

Наставната пракса покажала дека мотивираните ученици полесно учат, а со самото тоа се позаинтересирани за наставата и постигнуваат повисоки резултати. Еве неколку совети кои во праксата се покажале како добри мотиватори во однос на учењето манифестирано од страна на учениците:

  • Добро запознајте ги учениците и научете ги сите по име, а во пракса што е можно почесто ословувајте ги со истото.
  • Потрудете се за секоја паралелка да имате посебен план за работа согласно интересите и карактеристиките на учениците од паралелката.
  • Обрнете внимание на силните страни и слабостите на учениците. Наградете ги нивните силни страни, а работете на надминување и зајакнување на нивните слабости.
  • Потрудете се училишните клупи во училницата да бидат во форма на буквата „П“ за да се поттикне интеракција меѓу учениците.
  • Во подучувањето на учениците користете различни демонстрации, примери, техники, методи, форми на работа, нагледни средства.
  • Целите и исходите креирајте ги согласно можностите и интересите на учениците.
  • Додека предавате, движете се низ училницата и со учениците одржувајте активна интеракција.
  • Предавањата приспособете ги согласно интересите, можностите и опкружувањето на учениците.
  • Вашите предавања нека бидат експресивни.
  • Во предавањата користете многу примери.
  • Поттикнете ги учениците да презентираат сопствени видувања и размислувања иако може истите да бидат и неточни. Доколку учениците ја немаат оваа можност никогаш нема да знаете колку тие знаат и како размислуваат.
  • Одржувајте константна невербална комуникација со учениците.
  • Поттикнувајте ги и создадете можност учениците да комуницираат меѓусебе за време на часот.
  • Бидете достапни за учениците и пред започнување и по завршување на часот.
  • Давајте навремени, брзи и конструктивни информации на учениците во однос на нивниот напредок.
  • Сите ученици нека подлежат на еднаков третман од ваша страна.
  • Имајте предвид дека учениците може да бидат фокусирани од 15 до 20 минути. Помеѓу овој временски интервал внесете кратка релаксирачка активност.
  • Дајте им на учениците можност да ве заменат, тие да реализираат наставна содржина на нивните соученици.

Ј.Б.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.