Teachers - Наставници

Како да се справите со недисциплината во училницата

Поставете правил

Уште на почетокот на учебната година поставете правила на однесување. Навремено донесените правила за однесување во училницата, на самиот почеток од учебната година, навремено ќе го превенираат неприфатливото однесување од страна на учениците.

Вклучување на учениците во носењето на правилата

Во носењето правила за однесување во училницата, активно треба да партиципираат учениците. Прашајте ги учениците како би сакале, односно како не би сакале да се однесуваат нивните соученици кон нив. Од добиените одговори, заедно со учениците креирајте ги правилата за однесување во училницата. Учениците ќе имаат одговорност да ги спроведуваат и активно применуваат правилата кои самите ги донесле.

Вклучете ги родителите

Родителите треба да претставуваат значајна поддршка во воспоставувањето на правилно и прифатливо однесување на учениците во училницата. Запознајте ги родителите со донесените правила за однесување во училницата и со Училиштниот кодекс. Побарајте од нив да поразговараат со нивните деца користејќи го нивниот авторитет и влијание.

Отворени часови

Воспоставете пракса во вашето училиште почесто да реализирате отворени часови, што подразбира присуство на часот и на други наставници. На ваков начин вниманието на учениците, кога ќе има и други наставници во училницата, ќе биде насочено целосно кон наставниот процес.

Разговарајте со учениците

Како наставник почесто разговарајте со учениците за нивните однесувања и зеднички донесете заклучоци дали истите се прифатливи. Преку разговор и навремено детектирање на „симптомите“ се врши превенција во однос на одредена ситуација да не ескалира во несакано и неприфатливо однесување во училницата.

Дополнителни предизвици

Често се случува одредени ученици зададените активности да ги завршат предвреме и со нивното однесување да им пречат на нивните соученици. За таа цел на овие ученици зададете им дополнителни барања или пак зададете им задачи кои бараат нивен поголем ангажман. На ваков начин не само што ќе воспоставите ред во училницата, туку ќе ги поттикнете работните активности на учениците на повисоко ниво.

Динамична настава

Учениците не можат да бидат подолго време фокусирани на една активност. За таа цел вашата настава нека биде динамична со примена на различни форми, техники и методи на работа во текот на еден наставен час. На ваков начин наставата на ученикот нема да му биде монотона и досадна, туку напротив, ученикот цело време ќе биде активен и фокусиран на работните задачи и активности. Неформално се вели дека ученикот може на една активност да биде фокусиран онолку минути колку што има години. На пример ученик од 8 години на една активност може да биде фокусиран 8 минути.

Правилни одлуки

Наставникот во работењето со учениците во однос на дисциплината треба да се труди да не реагира импулсивно каде ќе бидат манифестирани од негова страна неконтролирани емоции. Наставникот пред да дејствува, односно преземе одреден чекор, треба своите емоции да не ги меша со одлуките кои ги носи. Ова посебно важи кога учениците не се дисциплинирани, наставникот не треба да дозволи да надвладеат неговите емоции и чувства и во тие моменти да преземе одредени несоодветни одлуки поттикнати од моменталните емоции.

Јавна фалба, критика во четири очи

Речиси секој човек додека бил во училишните клупи бил предупреден, критикуван или укорен од наставник за неговото однесување. Критиките најдобро би било наставникот да ги дава во четири очи, што подразбира насамо со ученикот со цел да не го засрами пред неговите соученици. Но доколку несоодветното однесување и понатаму се практикува од страна на ученикот кој насамо бил опоменат и посоветуван за неговото неприфатливо однесување, во тој случај тој ученик треба и јавно пред сите ученици да биде опоменат и истакнат како пример на несоодветно и неприфатливо однесување. Кога ученикот ќе постигне одреден успех тој треба да биде пофален пред сите негови соученици и неговата постапка или активност треба да биде посочена како позитивен пример на прифатливо однесување.

На крај треба да се истакне дека не постои идеална училница во која секогаш владее ред и дисциплина. Од страна на учениците секако дека ќе бидат манифестирани и неприфатливи однесувања. Многу е битно наставникот да се воздржи од непромислено однесување во тие ситуации, тој треба да реагира соодветно, да разговара смирено и конструктивно со учениците за надминување на настанатите проблематични состојби.

Ј.Б.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.