Teachers - Наставници

Како да се подготви обука за наставници

Обуката претставува организациска форма на која се реализираат предавања и работилници за стекнување одредени специфични знаења на учесниците. Лицата кои ја спроведуваат обуката може да бидат истакнати наставници, стручни лица од воспитно-образовната дејност или стручни лица од областа за која се спроведува обуката. Во зависност од темата се креира и временската рамка за реализација на обуката. Обуката ќе има легитимитет и успех доколку биде јасно испланирана, организирана и реализирана.

Планирање на обуката

Прв и значаен чекор во планирањето на обуката е дефинирање на целите и исходите од обуката и целосно фокусирање кон реализација на истите. Материјалот кој треба да се реализира на обуката треба да биде внимателно испланиран при што треба да се има предвид составот на учесници на обуката, нивниот интерес и темпо на учење. Ова значително ќе помогне во испораката на соодветна и квалитетна содржина. Колку повеќе обуката биде прилагодена на потребата на учесниците, толку поефикасна ќе биде реализацијата на истата.  

            При планирањето треба да се внимава на креирањето добар вовед каде треба да се запознаете со учесниците, а и учесниците да се запознаат меѓусебно, доколку претходно не се познавале. Размислете како треба да ја осмислите работилницата, дали редоследот на сесиите треба да биде од потешко кон полесно или пак на некој друг начин, а тој друг начин би бил зависно од темата на работилницата, да се почне од најпрактичните и најфункционалните сесии, а да се заврши со потешките и посложените сесии.

            Значајно е во однос на обуката да има испланирано правила според кои ќе тече обуката, како што се: кревање рака за земање збор, додека еден зборува другите не треба да го прекинат или да му влегуваат во збор, забрана за користење на мобилните телефони. Правилата се утврдуваат и запишуваат на самиот почеток од обуката, а се носата од страна на самите учесници на обуката.

            Испланирајте ефикасен начин за информирање на учесниците на обуката каде ќе биде наведено времето и местото на реализација, а исто така задолжително испратете и агенда во која точно во  временска рамка ќе бидат наведени сите активности кои се составен дел од обуката. Предвидете и соодветен број паузи на кои учесниците ќе може да се напијат кафе и освежат, а доколку обуката трае подолг временски период, треба да биде испланиран и оброк кој треба да биде квалитетно подготвен. Добро е учесниците да знаат што ќе се реализира на обуката со цел да истражат и да стекнат одредени предзнаења за да може на обуката да бидат активни партиципиенти каде ќе изнесуваат сопствени видувања, размислувања и ставови.

            Откако ќе биде испланирана целата обука и материјалот кој треба да се реализира на истата, обучувачот или обучувачите треба да ја вежбаат содржината и презентацијата која ќе ја реализираат на обуката. Добро би било додека обучувачот вежба да го следи некој за да може да му даде конструктивна повратна информација, колку материјалот е добро подготвен и разбирлив и дали има потреба од одредени дополнителни информации.

Креирање придружен материјал

Она што го имате подготвено како презентација пренесете го во печатена форма и потрудете се да обезбедите и друг дополнителен материјал кој ќе им биде поделен на учесниците. Презентацијата, односно нејзините слајдови не трба да бидат оптоварени со премногу текст. Добро е да се користат и визуелни алатки кои ја надополнуваат и збогатуваат обуката, како што се кратки филмови, фотографии, табели, графикони итн. Но, треба да се внимава истите да бидат креирани и искористени на таков начин што нема да го одвлечат вниманието од главната цел на обуката. Печатениот материјал треба да им се подели по завршувањето на активноста за која е тој наменет. Доколку се подели пред или за време на активноста постои опасност вниманието на учесниците да се насочи кон материјалот, а не кон она што го предава обучувачот. Доколку има работилница и ако е предвидено, може да се поделат работни листови кои за време на одредената активност ќе имаат конкретна намена.

Реализација и учество на обуката

Во просторијата пристигнете најмалку 30 минути пред официјалниот старт на обуката за да проверите дали е сè во ред со просторијата, дали просторијата е покриена со интернет, да ги поврзете лаптопот, проекторот и звучниците. Можеби е потребно да се сретнете и договорите и со лицата кои ќе ви дадат поддршка за време на паузите (освежителни пијалоци, кафе, храна итн.). Имајте резервен план доколку одредени работи не ви функционираат како сте замислиле. 

Простотијата каде ќе се реализира обуката треба да биде внимателно избрана и соодветна за конкретната намена. Таа треба да биде добро проветрена или пак затоплена во зависност од временските услови. Клупите и столчињата најдобро е да бидат во форма на потковица за да може да се гледаат и сослушаат учесниците додека дискутираат. Ваквата форма на поставеност на учесниците им дава и добра визуелност кон предниот дел на просторијата каде стои проекторското платно и каде се реализира презентацијата и се користат другите нагледни средства. Од страна може да има и флипчарт хартија на која ќе се бележат идеи и предлози.

Обуката треба да отпочне со претставување на обучувачите, а доколку на обуката учествуваат наставници кои не се познаваат меѓусебно, обучувачите треба да ја применат техниката „мразокршач“ за да меѓусебно се запознаат наставниците и се создаде една пријатна и релеаксирана атмосфера што севкупно позитивно ќе влијае на понатамошниот тек на обуката.

Во однос на реализација на обуката треба да се применуваат интерактивни техники, различни форми и методи на работа каде сите партиципиенти на обуката ќе бидат активно вклучени и ќе дадат соодветен допринос во севкупното успешно реализирање на обуката. Обучувачите треба стриктно да се држат до целта на обуката и нејзината тема, тие не смеатда дозволат дискусиите на обуката да се насочат во погрешен правец со што ќе се наруши целокупниот концепт на обуката, а на крај може и да нема доволно времеда се реализираат сите планирани сесии и на крај да не се постигне посакуваната цел.Обуката може да сезаврши преку резимирање на она што се реализирало на обуката; преку делење евалуациони листи кои треба да ги пополнат учесниците, а кои се во врска со нивниот впечаток во однос на реализираната обука; преку давање натамошни насоки во однос на стекнатото знаење од обуката, можеби ќе биде планирано да се направи надворешна евалуација од стручни лица од воспитно-образовниот процес како наученото наставниците го применуваат во нивните училници.

Ј.Б.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.