School - Училиште

Идеална училница

Затворете ги очите и замислете ја училницата во која предавате, замислете како би сакале да изгледа таа. Замислете ја идеалната училница и тоа не само од визуелен аспект: нагледни средства, клупи, столчиња, уреденост со предмети и училиштен намештај, замислете ја и од функционална гледна точка: начинот на предавање, начинот на учење, учениците на кои сакате да им предавате, интеракцијата и соработката со родителите, резултатите кои би ги постигнале.

Реално гледано добар дел од она што го замисливте и посакавте не зависи само од вас, посебно кога станува збор околу уреденоста на училницата и обезбедувањето на нагледните средства. Но, во пракса постојат случаи кога наставниците се трудат преку спонзорства и донации да обезбедат нагледни средства и мебел за да нивната училница ја уредат и истата биде пријатно место за учење и успешно место за реализаирање на воспитно-образовниот процес. Во текстот што следи дадени се неколку области каде наставникот може да напише како ја замислува својата идеална училница преку поставување на прашања во однос на: учениците, ресурсите, вклученост на родителите, постигнатиот резултат од страна на учениците, самиот тек на наставниот проце.

За секое подрачје наставникот нека потроши по околу 10-15 минути. Од некаде мора да се тргне во рализација на она што наставникот го замислува и посакува. Со адекватен вложен труд и заложба одговорите, односно исходите на прашањата кои ќе си ги поставите подолоу ќе ви станат реалност.

Ученици

Што прават и што може да направат учениците во училницата? Доколку учениците го дадат сопствениот максимум во однос на учењето, кој ќе биде крајниот исход? Дали учениците се вкулучени во индивидуални активности, работа во пар, работа во група, дебати, дискусии, креативно пишување, читање итн.? Како учениците комуницираат и се однесуваат меѓусебно и со наставникот?

Нагледни средства

Какви ресурси сакам да имам во мојата идеална училница? Какви книги и друг печатен материјал е потребен? Каква ИКТ е потребна во мојата училница? Дали функционирањето и ракувањето со нагледните средства е лесно и едноставно? Какво ќе биде влијанието во однос на учењето на учениците од нагледните средства и наставни ресурси во мојата училница?

Вклученост на родителите

Каква интеракција треба да имам со родителите? Каква сакам да биде поддршката од страна на родителите? Дали родителите се согласуваат и ме поддржуваат во мојот пристап и подучување на учениците? Дали родителите ќе се вклучат во училишни активности кога тоа ќе го побарам од нив?

Резултати од учениците

Кои исходи ги очекувате од учениците во однос на нивното учење? Кои исходи ги очекувате од учениците во однос на нивното однесување? Каков вид на изведба би сакале да видите од вашите ученици? Какви исходи, односно постигнувања очекувате од учениците од тестовите и другите видови активностите кои им ги задавате?

Настава

Како се гледам себеси во мојата совршена училница? Кои форми, техники и методи на работа ги користам во мојата идеална училница? Како се чувствувам во мојата идеална училница? Дали мојот мотив за работа ќе биде поголем?

Преку создавање визија за сопствената идеална училница наставникот ги разјаснува сопствените цели во однос на воспитно-образовниот процес. Иако еден дел од овие визии нема да може да бидат реализирани, наставникот ќе има можност да си ги разјасни сопствените цели во однос на воспитно-образовната работа и во однос на иститата и да преземе конкретни активности за реализација.

Ј.Б.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.