Teachers - Наставници

НАСОКИ ЗА НАСТАВНИЦИТЕ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ИНКЛУЗИВНАТА ПРАКТИКА

Мото: Преку соработка и насочен напор, сите ученици можат активно да учествуваат

1.Промовирајте социјализација – Седнувајте ги учениците со ПОП до други ученици. Кога до ученикот седи возрасен, постои можност другите ученици да се обесхрабрени за комуникација со ученикот. Советувајте ги асистентите на ученикот или специјалните едукатори да седат понастрана, малку подалеку од учениците.

2.   Споделувајте ги вашите планирања за наставата – Не сте сами. Споделувајте ги вашите планирања.  Инклузивниот тим може да ги модифицира за да им излезете во пресрет на потребите на учениците со ПОП.

3.   Зборувајте им директно на учениците – Избегнувајте да им се обраќате на учениците со ПОП преку нивните придружници. Поздравете се директно, обраќајте им се директно кога им објаснувате и прашувајте ги директно нив.

4.   Менувајте ги вашите методи на поучување – Направете го учењето активно искуство за сите ученици. Формирајте кооперативни групи за учење. Обезбедете мноштво од ресурсните материјали и осмислете различни активности.  Направете учениците да ви го демонстрираат знаењето на различни начини.

5.   Запознајте ги вашите ученици – Поздравувајте ги учениците кога влегуваат во вашата училница. Така ќе им бидете пример и ќе ги научите на социјални и комуникациски вештини. Прашајте ги нешто за дома, за нивните миленичиња, за нивниот друштвен живот.

6.   Секојдневно поставувајте прашања од содржините – Кога учениците одговараат на овие прашања, покрај тоа што ги учат содржините, тие ги вежбаат и социјалните и комуникациските вештини. Неформалното оценување и следење може да обезбеди корисни информации за евентуални модификации на наставата.

7.   Очекувајте успех – Очекувајте сите ученици да учествуваат и да учат на часот. Кажете им на учениците кои се вашите очекувања од нив. Прилагодете ги барањата, активностите, задачите да одговараат на можностите на учениците.

8.   Поставете јасни цели на учење – Работете со инклузивниот тим за да ги разјасните наставните цели за учениците со ИОП. Проверете дали вашите ученици континуирано работат кон исполнување на нивните цели. Вреднувајте го знаењето на учениците без разлика на нивното ниво на знаења или можности.

9.   Однесувајте се кон сите ученици подеднакво – Одржувајте ги вашите очекувања за однесувањето и методите за обезбедување дисциплина користете ги за сите ученици подеднакво и барајте да ги почитуваат и другите возрасни во училницата.

10. Споделете ги вашите стравовии ставови – Искажете ги вашите стравувања и мислења. Изразете ги со соодветни зборови. Наместо да кажете: „Мислам дека овој ученик не припаѓа тука!“,обидете се со: „Како можам да го направам материјалов разбирлив за овој ученик?“

Извор: Водич за работа научилишниот инклузивен тим

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.