- Кога разговарате со ученик за одредени сериозни теми, нека има присуство на трето возрасно лице или доколку сте насамо оставете ја вратата на просторијата отворена.
- Со учениците треба да се воспостават коректни односи за да воспитно-образовниот процес напредува во посакуваната насока, но исто така треба да се воспотават и јасни граници, да се знае улогата на наставникот и улогата на ученикот.
- Учениците ословувајте ги со нивното име или нивното презиме. Немојте да им се обраќате со погрдни зборови, а за да не се доведете во несакана ситуација и погрешно да бидете разбрани па дури и обвинети, посебно со учениците од погорните одделенија, немојте да им се обраќате со милозвучни имиња.
- Кога разговарате со учениците трудете се да го користите стандардниот јазик и правилно изразувајте се, а исто така коригирајте ги учениците кога не се изразуваат правилно и кога користат странски зборови.
- Трудете се да промовирате инклузивна училница каде секој ученик ќе биде прифатен, а не отфрлен, без разлика на нивните „маани“ и „недостатоци“ или нивните „доблести“.
- Покажете подеднаков однос кон сите ученици без да се фаворизира било кој од нив на било каков начин. Тие тоа го чувствуваат и на свој начин непријатно го доживуваат.
- Кога е потребно и кога ќе почувствувате дека сте им потребни на учениците, ако треба изгубете го целиот час во решавање и надминување на нивните проблеми. Учениците, или поголемиот дел од нив, тоа ќего ценат и ќе го возвратат на позитивен начин.
- Немојте никогаш да си дозволите вашите колеги наставници да ги оговарате или омаловажувате пред учеиците.
Ј.Б.