School - Училиште

Неколку насоки за регулирање на училишната бучава

  • Имајте на ум дека подигањето на гласот на наставникот не значи дека секогаш ќе ги смири учениците, понекогаш дури има и обратен ефект.
  • Трудете се никогаш да не викате на учениците, можеби тоа кај вас моментално ќе влијае на празнење на негативната енергија, но запрашајте се како влијае тоа кај учениците и како тие се чувствуваат. Посебно кога станува збор за ученици од пониските одделенија.
  • Транспарентноста во однос на наставата во училиштата е различна (ова е само одреден вид транспарентност). Тоа зависи и од самото училишно раководство, односно од училишната целокупна заедница. Обично училиштата имаат врати на нивните училници кои не даваат да се има увид на работата на наставниците од страна на директорот, училишната стручна служба или пак други релевантни лица. Други училишта пак на нивните училишни врати имаат застаклен отвор во вид на прозорец преку кој претходно споменатите релевантни субјектиимаат можност „тајно“, односно „дискретно“ да го следат текот на наставниот час или пак само дел од него.
  • Креирајте правила за однесување во училницата доколку сакате да имате прифатливо однесување и бучава во неа. Правилата треба да се почитуваат од страна на ученикот, но и од страна на наставникот.
  • Како наставник имајте предвид како бучавата во вашата училница влијае на учениците кои учат и наставникот кој предава во соседната училница.
  • Воспоставете систем на невербални знаци преку кои ќе го регулирате нивото на бучава во вашата училница. Пример, кревање на раката високо, плескање со дланките, покажување на палецот додека дланката е во форма на тупаница (лајк) итн., а кој знак за што ќе се однесува, наставникот и учениците нека одлучат заедно.
  • Пристојното однесување и прифатливата бучава манифестирана од страна на учениците не треба да важи само во училницата, истото треба да се однесува и за време на одморите, додека учениците се во ходниците и училиштниот хол.
  • Бучавата во училница не значи дека секогаш учениците се недисциплинирани. Таа може да се појави додека учениците работат во парови, а посебно додека работат во групи. Но, сепак договарањата и разговорите кои се во насока на решавање на зададените барања од страна на наставникот треба да бидат во една нормална и прифатлива граница на бучава.
  • Имајте на ум дека одредени ситуации кои предизвикуваат радост и восхит кај учениците може дабидат бучни.

Ј.Б.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.