Teachers - Наставници

Наставнички хороскоп: Дали вашиот стил на настава одговара на вашиот хороскопски знак?

Овен

Наставниците родени во овој хороскопски знак имаат тенденција да бидат многу амбициозни и страсни. Во наставата воведуваат нови идеи и иновации. Своите изработки сакаат да ги презентираат и споделуваат во јавноста, преку социјалните мрежи. Но исто така сакаат да ги истакнат и презентираат на различни средби и состаноци во училиштето и надвор од него. Нивните училници се полни со изработки.

Бик

Наставникот роден во хороскопскиот знак бик функционира во две брзини. Едната е релаксирана и опуштена како да плови со кајче по мирни езерски води, а другата брзина е забрзано и насочено движење како забревтана локомотива која се движи под полна пареа. Тоа го карактеризира како наставник кој знае добро да се приспособи и соодветно да одговори на потребите на учениците.

Близнаци

Наставниците родени во овој хороскопски знак имаат многу позитивен поглед на животот и кон нешатата кои ги опкружуваат. Знаат да сочувствуваат со потешкотиите на колегите и учениците. Никогаш нема да кажат лош збор за нивните колеги за да ги повредат, истото е и во однос на учениците. Училницата на близнаците е мотивирачка и поттикнувачки делува на учениците.

Рак

Наставникот роден во овој хоропскопски знак има развиена интуиција за да ги прочита луѓето. Оваа вештина многу му користи во работата со учениците и соработката со колегите. Овие наставници точно ги знаат потребите на нивните ученици. Согласно тоа знаат да се приспособат на нивните потреби.

Лав

Наставниците родени во овој хороскопски знак се држат гордо и имаат исто такво однесување во комуникацијата со учениците и колегите. Тие не дозволуваат некој да се сомнева во нив и се трудат да бидат убедливи во она што зборуваат. Овие наставници успешно управуваат со нивната училница. Учениците на кои им предава наставникот роден во овој знак точно знаат што наставникот очекува од нив секој ден.

Девица

Наставникот роден во овој хороскопски знак има многу акумулирано знаење во себе. Тие стекнатото знаење се трудат на учениците да им го пренесат на ненаметлив начин, спонтано. Овие наставници често знаат на учениците да им пренесат знаење кое не се наоѓа во нивните учебници.

Вага

Наставниците родени во хороскопскиот знак вага секогаш бараат прифатлив баланс во воспитно-образовното работење. Тие секоја работа поврзана со наставата ја гледаат од двете страни, со цел таа активност или субјект да биде праведно и соодветно третиран. Често сакаат да им посочуваат примери на учениците каде има правилно и неправилно однесување. Тие сакаат да дискутираат на наставничките состаноци и сакаат да го имаат водечкиот збор.

Шкорпија

Наставникот роден во овој хороскопски знак е независен. Тој е упорен и 100% насочен кон остварување на она што го има замислено. Тој е автентичен и уникатен во неговиот настап и за него нема препрека кон постигнување на она што го замислил. Своите работни задачи ги реализира навремно. Неговиот начин на подучување не е секогаш според дадените насоки, но е интересен и соодветно прифатен од учениците.

Стрелец

Наставниците родени во овој хороскопски знаак сакаат да бидат во центарот на вниманието. Имаат авантуристички дух и сакаат нови и возбудливи нешта. Зрачат со харизматичност која целосно ја исполнува училницата. Нивниот начин на работа е динамичен. Учениците од овие наставници секојдневно доживуваат необични и нескојдневни работи.

Јарец

Наставникот роден во овој хороскопски знак важи за „наставник од стар ков“. Овој наставник знае да има студено однесување, но е многу доверлив, сè што ќе му биде доверено како информација останува кај него, не е склон кон прекажување. Овој наставник е во постојана потрага по знаење. Од учениците знае како да го извлече максимумот, упорен е и трпелив. Во однос на наставата и знаењето поставува високи стандарди и се држи до истите.

Водолија

Наставниците родени во овој хороскопски знак се одликуваат со интелегенција, имагинација и мал дел на ексцентричност. Овие наставници никогаш не се пред нивната катедра, секогаш се движат помеѓу учениците и ја надгледуваат и следат нивната работа. Полни се со енергичност и лесно може нивната енергичност да им ја пренесат на учениците.

Риби

Наставникот роден во овој хороскопски знак смирувачки делува на учениците. Ги почитува донесените закони, наставни планови и програми и се држи до истите при неговата работа. Во работата со учениците никогаш не го повишува неговиот глас. На часот на овој наставник учениците се смирени, дури и оние побучните. Учениците по часот на овој наставник задоволни ја напуштаат училницата.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.