School - Училиште

Зошто паралелки (класови) со помал број ученици

Новиот начин на живеење кој не е ист како пред 20 и повеќе години, изискува ревидирање на целокупниот воспитно-образовен процес. Некои од тие предизвици се поврзани со пристапот на наставникот во однос на наставата, планирање и реализирање на наставниот процес, користење на нагледните средства, однос и комуникација со учениците и нивните родители итн. Секако, новото време бара да се ревидира и делот на законите за средно и основно образование околу бројот на ученици во пралелка односно клас. Кога би ги прашале наставниците дали сакаат да работат во училница со 15 или 30 ученика, секако дека најголемиот број од нив ќе одговорат со 15. Во текстот што следи ќе наведам одредени причини зошто е подобро да се работи со паралелка, односно клас од 15 ученика, а не со паралелка, односно клас од 30 ученика.

Повеќе време може да му се посвети на ученикот

Во училница со 15 ученика наставникот ќе има двапати повеќе време индивидуално да работи со секој ученик отколку кога во училницата би имало 30 ученика. На ваков начин чувството кај учениците ќе биде зголемено во однос на тоа дека наставникот покажува поголема грижа за секој од нив. Ова доведува до поголема ангажираност на учениците и манифестација на позабележителни позитивни резултати.

Во помалите паралелки/класови сите ученици се видливи

Во училница со 30 ученици, оние ученици кои се потивки и срамежливи се поневидливи за наставникот. Истото важи и за оние ученици кои помалку учат. Во училница со помал број ученици мобилноста кај учениците е поголема затоа што постои двапати поголема можност учениците да бидат ангажирани во севкупниот наставен процес од страна нанаставникот.

Полесно идентификување на предизвиците и проблемите

Во училниците со поголем број ученици наставниците потешко може да ги идентификуваат проблемите и нивната природа. Во училница со помал број ученици ситуацијата е поинаква, во овие училници полесно може да се идентификува проблемот и побргу може да се почне со решавање на истиот. Кога наставникот треба да прегледа писмени работи на 30 ученика ќе му треба повеќе време, концентрацијата може да му опадне и при проверката да испушти одредени битни работи што не би било исто кога би требало да прегледа писмени работи на 15 ученика. Во овој случај прегледувањето би било посеопфатно и поефикасно.

Поголема сплотеност во училница

Паралелките, односно класовите кои бројат помал број ученици имаат поголема поврзаност и соработка помеѓу сите ученици. Тие меѓусебно повеќе комуницираат и се дружат едни со други и тоа не само во училиште туку и надвор од него. Во поголемите паралелки / класови постои поголема можност за групирање на учениците и создавање на ривалства и кавги помеѓу нив.

Подобро запознавање на ученикот

            Во училницата со помал број ученици наставниците побргу се поврзуваат со учениците. Нивното запознавање и градење меѓусебна доверба се реализира многу побрзо. Во училницата со помал број ученици наставниците побргу ги осознаваат силните и слабите страни на секој ученик поединечно. Ова на наставниците им помага точно да ги детектираат слабостите кај учениците и адекватно да се насочат кон нивно брзо решавање и надминување.

Ученичкото ангажирање е поголемо

Кога учениците знаат дека не се многубројни во училницата, знаат дека и нивната одговорност ќе биде на повисоко ниво во однос на пристапот кон наставата. Нивниот ангажман како во училиште,така и дома (кога се подготвуваат за в училиште) е поголем. Во ваква ситуацијатие се свесни дека од нив се очекува зголемен ангажман и квалитет во однос нанаставниот процес. Благодарение на посилната врска помеѓу наставниците и учениците и нивната меѓусебна одговорност во однос на квалитетот во наставата е поголем.

Зголемен фокус

Во училницата со помал број ученици има зголемен фокус во однос на наставата, и од учениците и од наставниците. Ангажираноста на учениците е зголемена, а кај наставниците има зголемен ентузијазам и одговорност во работата, затоа што изговорите за реализација на помалку квалитетна настава заради големиот број ученици во училницата се неосновани. Наставникот има повеќе време да изнесе различни примери и посеопфатно да навлезе во реализацијата на наставната содржина. Наставникот има повеќе време за индивидуален пристап во работењето со учениците.

Поголем ред и дисциплина

Во училница со 15 ученика ќе владее поголема дисциплина и атмосфера за работа, за разлика од училница во која учат 30 ученика бидејќи полесно може да се детектираат проблемите и предизвикувачите на истите. Поголемиот ред и дисциплина создава посакувана атмосфера за работа во која се постигнуваат повисоки резултати.

На наставниците им е полесно

На наставниците кои работат со 15 ученика во училница им е полесно затоа што имаат севкупна поголема контролакако во делот на наставниот, така и во делот на воспитниот процес. Училница со помал број ученици полесно е да се управува и контролира во секој смисла. Наставниците имаат поголем елан за работа и нивната продуктивност е поголема. Наставниците кога работата со помал број ученици повеќе „траат“, односно помалку се „трошат“ како здравствено така и професионално.

Од она што досега беше кажано произлегува дека квалитетот на воспитно-образовниот процес би бил на повисоко ниво доколку паралелките, односно класовите бројат помалку ученици. Наставниците би биле пофукусирани на воспитниот и наставниот процес, учениците ќе бидат повеќе мобилизирани и повеќе фокусирани на наставата. Исто така учениците ќе имаат можност да добијат поголемо внимание од наставниците затоа што временската рамка предвидена за еден наставне час ќе им овозможи поголема примена на индивидуална настава. Наставниците ќе имаат поголема одговорност и помалку изговор дека лошиот успех во наставата се должи на големиот број ученици во паралелката, односно класот.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.