Teachers - Наставници

Зошто поголема плата за наставниците?

Кога станува зборза платите на наставниците, слободно може да се каже дека истите заслужуваат да имаат поголема плата од онаа што ја имаат во моментов. Во јавноста постојат одредени мислења, за кои слободно може да се каже дека се митови, кои мислења се засноваат на тоа дека наставниците работат 4-5 часа во денот и дека за време на летниот и зимскиот распуст седат дома, што во суштина не е точно. Наставниците можеби во денот имаат околу 4-5 наставни час, а за тоа време наставниците се активни постојано, нивната работа е одговорна и ни малку лесна бидејќи работат со луѓе, во случајов ученици, кои имаат сопствени барања, а  кои барања се специфични и не така едноставни. Тука не треба да се заборави да се каже дека работата на наставниците не завршува со завршувањето на часовите, истата продолжува и дома, во планирања, подготовки, изготвување нагледни средства итн. Што се однесува до работењето и не работењето за време на летниот и зимскиот распуст на учениците, треба да се каже дека и наставниците како и сите други вработени во државните институции имаат годишен одмор од 24 до 29 дена (зависно од работниот стаж), а не одмор кој ќе трае целиот летен, односно зимски распуст.

Следуваат најважните причнини зошто е потрбно да се зголемат платите на наставниците.

          Како што рековме, наставниците не се на распуст заедно со учиниците. Тие се на училиште и за врме на летниот и за време на зимскиот распуст. Додека не се во училиште учениците, наставниците, или пак поголемиот дел од нив, работат на планирање и изготвување на наставните планови, подлежат на професионален развој, планираат и изготвуваат нагледни средтва и помагала итн. Митот дека наставниците не работат за време на летниот и зимскиот распуст не е точен.

            Наставниците во нашата земја за разлика од нивните колеги од земјите кои се во непосредното опкружување имаат помали плати. Предвид тереба да се има дека наставничката професија не е ни малку лесна, а воедно е и многу одговорна. Интенцијата наша како земја е да имаме ученици кои ќе бидат по знаење како учениците од нашето опкружување па дури и на повисоко ниво, согласно тоа платите на нашите наставници треба да бидат како платите на наставниците од опкружувањето па и повисоки, доколку сакаме учениците да имаат поголем успех, наставниците треба да бидат и финансиски помотивирани.

            Наставниците работат повеќе отколку што се мисли и изгледа на прв поглед. Работата на наставникот не завршува со напуштањето на училницата, односно училиштето. Наставниците имаат дополнителни активности поврзани со наставата кои се состојат во планирање на наставните содржини, континуирано професионално усовршување, наставнички состаноци, индивидуални и групни состаноци со родителите, планирање и изработка на ресурси за реализација на наставниот процес итн. За разлика од другите професии работата на наставникот продолжува и дома. Покрај што се подготвуваат за наставата, тие дома прегледуваат: тестови, писмени работи, изработки на учениците, професионално комуницираат со директорот на училиштето, колегите, родителите итн.

            Поголемиот дел од наставниците за реализација на успешен и квалитетен наставен процес, често се принудени за обезбедување на нагледни средства и наставни материјали да користат сопствени финансиски средства или пак истите да ги земаат од дома и да ги користат во училиште. Со оглед на нивната плата, ова е дополнтилен товар на нивниот буџет, а трошоците кои наставникот ги користи во текот на една година од сопствени финансии за да набави нагледни средства и наставни материјали сигурно изнесува околу половина од неговата плата.

           Наставничката професија можеби поинаку изгледа во очите на другите, но истата е една од најстресните. Не е едноставно да се работи одеднаш со 25 ученика кои секој претставува посебна индивидуа со посебни потреби и барања. Денешните родители имаат потешкотии да се справат со воспитување и излегување во пресрет на желбите и потребите на нивните две деца, а не на 25 деца истовремено.

            Ако кажеме дека наставниците се под постојан притисок нема да претераме и нештото да го преувеличаме, реалноста навистина е таква. Наставниците се под континуиран притисок од политичарите, недоволно информираните родители, а во погорните одделенија и средните училишта и од недоволно дисциплинираните ученици. Наставниците се под притисок и се обвинети за однесувањето и постигнувањата на учениците, без да се имаат предвид општествените текови на живеење и без да се води сметка дека тие се оние кои се на браникот и се трудат на секој начин да ги спречат негативните трендови и пороци под кои потпаѓаат учениците. Секако дека има и наставници кои недоволно професионално си ја вршат својата дејност но тие се малцинство за разлика од другите.

 Наставниците се втори родители, тие се тука за ученицитеи во добро и во лошо. Замислите во колку случаи им помагаат на учениците од пониските одделенија тие да ги извршуваат своите физиолошки и хигиенски потреби, и во колку случаи тие ги хранат или им помагаат кога се хранат, а во погорните одделенија тие се тука за учениците, покрај наставата, да бидат рамо за плачење и за советување. Наставниците се составен дел од животот на учениците и составен дел од нивното растење. Наставниците знаат дека нема да се збогатат материјално преку нивната професија, но сепак заслужуваат да имаат поголеми плати за она што тие вложуваат. Од досега кажаното, што е само еден дел од ангажманот, одговорноста и уделот на наставникот во растењето, воспитувањето и образувањето на генерациите ученици, може да согледаме колкав е влогот на наставникот при извршувањето на неговите работни задачи. Од тие причини тој заслужува и поголема платa. Секако дека има и наставници кои се целосно непрофесионални и кои го оцрнуваат името и професијата наставник, но за нив повеќе во друга прилика.

Ј.Б.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.