Students - Ученици

Помогнете им на учениците да учат од сопствените грешки

Грешките се составен дел од животот на возрасните и децата. Кон нив, зависно од карактерот на личноста, секој различно се однесува и ги доживува. Кога би ги опсервирале учениците, посебно оние од пониските одделенија, во однос на нивните реакции на направените грешки, може да видиме дека ним тешко им паѓа бидејќи не успеале нас како наставници да не импресионираат и ние да се гордееме со она што тие го постигнале како успех. Кога нештото ќе тргне наопаку, во непосакувана насока, тие тоа го доживуваат како катастрофа. Ние наставниците треба да бидеме во тие моменти тука,  покрај нив, за да ги научиме грешките да не ги доживуваат како катастрофа туку како можност.

Следуваат неколку совети, како да им помогнеме на учениците кога тие постигнале лоши, неочекувани резултати.

·        Нашата реакција кон ученикот кој постигнал лош резултат на тест или при усно испитување треба да биде смирена, со него треба да се разговара и да се делува поттикнувачки во насока на надминување на лошиот постигнат резултат. Доколку пристапиме критички и со прекор, ризикуваме ученикот да го оттурнеме од нас, односно тој да се затвори во себе и лошите резултати да продолжат и понатаму.

·        Работете заедно со ученикот тој самиот да ја увиди грешката. Помогнет му самиот да сознае што тргнало наопаку, во непосакуван правец. Прашајте го што тој мисли дека не е во ред и каде ја гледа грешката за таквата состојба.

·        Поставете цели кои треба да се постигнат. Заеднички креирајте временска рамка со конкретни активности преку кои ќе ги проверувате недостатоците и грешките и воедно ќе го следите и надгледувате напредокот во однос на истите.

·        Делувајте поттикнувачки. На тој начин кај ученикот ќе се јави дополнителен мотив и волја за работа. Организирајте дополнителни часови преку кои заеднички ќе работите на надминување на грешките. Креирајте ги активностите да бидат забавни за да уште повеќе го привлечете вниманието на ученикот.

·        Трудете се исходите од активностите и вложениот труд да бидат видливи, а уште подобро е кога ученикот ќе биде во можност самиот да го согледа својот напредок во однос на надминувањето на неговите претходни грешки и недостатоци.

·        Направете успехот како продукт од претходно заеднички вложениот труд (на наставникот и ученикот) да биде видлив за околината. Ученикот тоа ќе го чувствува како награда и признание бидејќи она што го постигнал ќе биде видливо за оние од неговото училишно опкружување. Истовремено ова ќе биде поттик кон ваквите активности да се вклучат и други ученици кои грешат во однос на обврските поврзани со училишното работење.

·        Понудете личен пример, покажете им на учениците дека и вие грешите во вашата работа, дека и вие не сте задоволни и сте разочарани од она што сте го постигнале. Но, дека истовремено сте подготвени напорно да работите за да ги надминете грешките.

·       Посочете му на ученикот дека не е доволен само вложениот труд во училиште за да се надмине неуспехот. Кажете му на ученикот доколку тој сака неуспехот и разочарувањето да ги претвори во успех ќе мора да работи, да вложи труд и да учи и дома.

·        Споделете со ученикот лично искуство кога сте биле на негова возраст и кога сте се соочиле со неуспех, посочете му како сте се справиле и како сте го надминале тој неуспех. Учениците сакаат да слушнат вакви приказни, посебно од наставниците кои се за нив авторитет и пример кој го следат.

Трудете се на учениците да им укажете дека треба да бидат секогаш организирани и навремено да ги планираат и извршуваат сопствените обврски. На тој начин можноста за несуспех ќе биде минимална. На ваков начин вие како наставник учениците уште од нивната рана возраст ги подучувате и насочувате како да се организираат кога ќе бидат возрасни во однос на предизвиците кои тогаш ќе бидат поголеми и посериозни.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.