Parents - Родители

Неколку корисни препораки во однос на комуникацијата родител – наставник

  • Точно одредете го времето (ден и час) за индивидуални средби со родителите на вашите ученици.
  • Индивидуалните средби со родителите поврзани со напредокот на нивното дете не треба да се реализираат надвор од училиштето (посебно не во кафетерии и кафеани). 
  • Не е етички наставниците да им држат курсеви на учениците на кои им предаваат.
  • Родителите треба да бидат запознати со наставните програми во однос на тоа што нивното дете ќе изучува во текот на учебната година.
  • Поттикнете ги родителите да бидат волонтери и да дадат соодветен допринос во одредени подрачја поврзани со активностите на училиштето.
  • Наставникот треба да биде соодветно облечен во секоја прилика, што подразбира и при средбите со родителите на учениците.
  • Трудете се информациите кои им ги давате на родителите, освен во усна форма, да бидат проследени и во печатена или електронска форма (на ваков начин вие обезбедувате материјален доказ во однос на некои несакани ситуации).
  • Водете евиденција за присуство на родителите за време на групните родителски средби, а исто така евидентирајте го интересот за индивидуални средби на родителите.
  • Навремено информирајте ги родителите во однос на родителските средби и побарајте повратна информација дека се известени. Исто така, испратете им дневен ред за она што ќе биде предмет на дискусија за време на родителскиот состанок.
  • Изнајдете начин како ќе им ги пренесете информациите на родителите кои не присуствувале на родителските состаноци.
  • Водете посебно досие со записници и друга документација поврзана со реализираните родителски состаноци.
  • По потреба користете прашалници преку кои ќе добиете повратни информации од родителите во однос на некои битни работи поврзани со работењето на училиштето и работи кои се поврзани со улогата на родителите и нивното учество во училишното работење.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.