Students - Ученици

Како да ги поттикнете учениците писмено да се изразуваат

Есеј претставува литературен жанр, кратка расправа за некое прашање поврзано со литературата, културата, филозофијата или пак одредени сфери поврзани со општествениот живот. При пишувањето на есејот се користат белетристички стилски средства, а истиот треба да е напишан од авторска лична гледна точка.

Праксата покажува дека поголемиот број ученици немаат желба, односно одбиваат писмено да се изразуваат со изговор „досадно ми е, уморен сум од пишување“. Ваквите искази често ќе ги слушаме доколку не се обидеме да им понудиме на учениците соодветна тема за пишување која кај нив ќе побуди соодветен интерес. Темата треба да биде блиска до нив, поврзана со нивното секојдневие. Понудете им на учениците теми кои нив ги засегаат и на кои со задоволство ќе пишуваат. Истовремено од учениците ќе добиете и нивно лично размислување и нивен став по одредено прашање. За почеток обидете се да издвоите неколку области, а за секоја област дефинирајте по неколку наслови на кои ќе пишуваат учениците. Пример, област поврзана со технологијата; област поврзана со облекувањето; област поврзана со спортот; област поврзана со училишните правила.

Во однос на областа поврзана со технологијата и нејзиното користење поттикнете ги учениците да пишуваат на тој начин што ќе ги изнесат личните ставови и видувања во однос на примената на технологијата во училиштето.

Како предлог теми може да бидат:

  • „Дали треба учениците да носат мобилни телефони или нивното носење и употреба треба да биде целосно забрането во училиште“?
  • „Дали би биоло во ред учениците додека работата индивидуално да слушаат музика преку слушалки“?
  • „Дали би требало на учениците да им биде дозволено во училиште да донесат и користат личен лаптоп или треба во училиште да се користат само училишните компјутери“?
  • „Дали во училиште треба да има филтри и забрани (за интернет) за да учениците не дојдат во контакт со интернет страници кои не се за во училиште или не одговараат на нивната возраст“?
  • „Дали треба да биде дозволено или пак треба да биде забрането учениците да користат фејсбук, твитер или други социјални мрежи додека се во училиште“?

Интересна област на која учениците со задоволство би пишувале е дозволено и недозволено облекување. Обично помеѓу учениците и наставниот кадар има многу несогласувања во однос на оваа проблематика. Пишувањето во оваа област би била добра можност да се добијат лични ставови на ученицит во однос на оваа проблематика.

Како предлог теми може да бидат:

  • „Дали носењето училишна униформа треба да биде задолжително“?
  • „Дали правилата поврзани со облекувањето за во училиште треба да бидат посебни за момчињата и посебни за девојчињата или треба да важат исти правила и за едните и за другите“?
  • „Дали е дозволено учениците да носат блузи и маички со куси ракави на кои ќе бидат напишани најразлични пораки или треба да биде јасно дефеинирано дека блузи и маички со различни сомнителни апликации и пораки не е дозволено да се носата во училиште“?
  • „Дали е дозволено учениците да носат искинати и тесни тексасни пантолони во училиште“?
  • Дали учениците во училиште е дозволено да носат повече обетки на едно уво и да имаат пирсови на различни делови од телото“?

Значајна област каде учениците покажуваат интерес е и спортот. Во тој контекст учениците може да се поттикнат да пишуваат на одредени теми каде ќе ги изнесат сопствените видувања и размислувања

Како предлог теми може да бидат:

  • „Дали спортските игри и натпревари се обезбедени само за момчињата, односно дали девојчињата може да бидат вклучени во спортски активности кои не се типични за девојчињата како што се: фудбал и борилачки вештини“?
  • „Дали ученици кои имаат одредени физички потешкотии треба да бидат вклучени во спортските активности или целосно треба да бидат поштедени од истите“?
  • „Дали училиштето доволно инвестира финанскиски средства во јакнење на училишниот спорт“?
  • „Дали секој ученик кој покажува интерес за некој спорт треба да биде вклучен во соодветниот училишен спортски тим или треба да помине низ одредени проби за да се согледа колку ученикот го владее тој спорт“?
  • Дали на учениците кои се членови на училишните спортски тимови приоритет треба да им бидат победите или градењето на спортскиот дух и меѓучовечките позитивни односи“?

Освен претходните области да посочиме и некои други теми кои не може да се категоризираат во ниту една од претходните области, а кои кај учениците би побудиле соодветен интерес за пишување.

Како предлог теми може да бидат:

  • „Дали учениците може да јадат во училницата или пак треба за тоа да има посебна определена просторија“?
  • „Дали учениците може да одат во тоалет и за време на часовите или тоа треба да биде само за време на одморите“?
  • „Дали е прифатливо учениците да јадат и пијат и за време на часовите“?
  • „Дали училишните приредби или училишни забави треба да бидат од затворен тип на кој ќе присуствуваат само ученици од училиштето или пак може да бидат од отворен тип на кои ќе присуствуваат и ученици од други училишта“?
  • Дали во училишните шкафчиња на учениците (во училиштата каде ги има) увид треба да има само ученикот или може да имаат увид и наставниците“?

Ова се само неколку области и предлог теми на кои би можеле да пишуваат учениците. Истите може да се изменат и приспособат согласно специфичностите на училиштето и интересот на учениците. Трудете се темите на кои ќе пишуваат учениците да ги поврзете и да ги ставите во контекст на некои случувања кои се случиле во скоро време во училиштето.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.