Teachers - Наставници

Вардете се од овие колеги (не)наставници

Наставникот претставува овластено и одговорно лице кое реализира наставни содржини и заедно со учениците остваруваат образовни и воспитните цели, како и задачи пропишани со закон. Исто така, наставникот е стручно лице кое поседува високи работни, образовни и етички квалитети и е едуцирано да работи со деца на различна возраст. Современиот наставник истовремено е организатор и водител на наставниот процес, ментор и координатор, рамноправен соработник кој мотивира. Неговата примарна улога е на ученикот да му биде од помош при достигнувањето на сопствениот образовен и воспитен максимум. Наставникот е креативна, иницијативна и иновативна личност, но истовремено е и личност кој знае тимски да работи со своите колеги. Тој континуирано професионално се усовршува за време на целиот негов работен век за да биде во тек со сите новитети, со цел полесно да одговори на сите новини кои секојдневно се случуваат во општеството.

Пртходно напишаното претставува еден обид накратко, во неколку реченици, да се опише професијата наставник. Од нашето повеќегодишно работно искуство како наставници можеме да кажеме дека поголемиот број наставници кај нас се вклопуваат во рамките на претходно кажаното. Но за жал (како и во секоја друга професија) постојат наставници кои со своето однесување не треба да припаѓаат во наставничката фела. Тие со своето однесување едноставно не се достојни да ја носат титулата наставник. Во текстот кој следи истакнати се некои карактеристики на не(наставникот).

(Не)наставникот е стручњак во создавање расправија и забуна. Тој на секој начин се труди да ги прикаже поинаку фактите, постојано лаже и на секој начин се труди да ја избегне одговорноста која му е доделена. Често ја негира стварноста и измислува нешта кои не се вистинити. Целата ситуација ја гледа од негова перспектива иако истата е целосно искривена и му дава лажна и невистинита слика за целокупната состојба. Добиените информациите ги задржува за себе, односно не ги споделува со колегите.

(Не)наставникот е експерт во лажење и е премногу слаткоречив. Но,  доколку го видите неговиот минат труд ќе видите дека кај него не се евидентни никакви постигнувања, како на професионално така и на приватно поле. Кај него нема никаков професионален раст и развој, едноставно цел живот тапка во место. Неговиот живот всушност е илузија, а душевна храна му претставува страдањето на неговите колеги.

(Не)наставникот секогаш сака да доминира во однос на колегите и сака да ги контролира истите.

(Не)наставникот е најголем авторитет самиот за себе. Не трпи повратна информација и конструктивни критики од колегите или надредените, тој самиот си создава правила на однесување и работење кои најчесто не се во согласност со неговата наставничка професија без притоа да ги почитува моралните и етичките норми на неговата професија.

Не(наставникот) многу умесно ја користи добродушноста и толерантноста на неговите колеги, а крајната цел му е (свесно, а понекогаш и несвесно) да им наштети на оние кои го толерираат и добро се однесуваат кон него.

(Не)наставникот најчесто нема совест и не знае да се покае за неговите неодговорни постапки. Најчесто сака да каже дека неговото несоодветно однесување не било несоодветно, напротив, било исправно и е спремен да создаде непријатна ситуација пропратена со карање, викање, навредување со цел на крај да испадне онака како тој има замислено.

Продолжете самите со искуства од вашето професионално секојдневие…

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.