Teachers - Наставници

Наставникот некогаш беше поим за учениците авторитет за општеството и родителите, а денес…

Денес однесувањето на општеството кон наставниците најдобро се пресликува преку однесувањето на родителите кон наставниците, а подоцна и децата го следат примерот на нивните родители. Тоа однесување во секој случај е недостојно и неприфатливо. Денес значително се сменети вредностите во општеството.

На оваа ситуација во голема мерка влијаат начините на воспитување кои се применуваат и промовираат последниве две децении каде фокусот од учениците е префрлен на наставниците, од кои општеството, родителите и учениците очекуваат сè повеќе и повеќе.

Денес речиси е напуштен авторитативниот стил на воспитување за сметка на демократскиот и другите потолерантни стилови на воспитување, а тоа значи дека децата дома имаат сè помалку ограничувања од страна на родителите, што се пренесува во училиштата, а на наставниците им создаваат забуни да не знаат точно да ја стават границата на прифатливо и неприфатливо однесување што предизвикува дополнителен стрес кај нив.

Во разговор со наставниците може да се слушне дека можат да поминат преку малите плати и обемната администрација, но никако не можат да поминат преку недисциплинираното однесување на учениците, нивното искажано непочитување кон наставниците, уништување на нагледните средства и наставниот инвентар, насилното однесување помеѓу учениците, а во дадени случаи и кон нив (наставниците). Учениците самите си земаат слобода неприфатливо да се однесуваат без да имаат страв од никого за последиците. Праксата покажува дека во голем број случаи ниту лошите оценки, ниту опомените, укорите и казните не им значат ништо и не вродуваат со успех. Во целата ситуација дополнителен проблем е што родителот застануваат во заштита на детето обвинувајќи ги наставниците и училиштето дека тие се виновни што неговото дете е такво.

За наставниците најнепријатен период е крајот на учебната година кога се заклучуваат оценките. Во тој период наставниците постојано се под притисок за поправање на оценките, а за добиените непосакувани оценки на учениците родителите најчесто ги обвинуваат наставниците наместо проблемот да го бараат кај нивните деца. Во пракса се забележани случаи родители заради одредена оценка вербално и физички да нападнат наставник дури и претставници од стручната служба и директорот на училиштето.

Ваквите стресни ситуации доведуваат до тоа одредени наставниците да бидат напнати, со психички проблеми и континуиран стрес.

Наставниците често се доведени во безизлезни ситуации и кога во паралелката има ученик кој ги малтретира сите ученици и наставникот, а родителот не презема ништо во однос на таквата ситуација или пак застанува на страната на неговото дете.

Наставниците се соочуваат со чести промени на образовните закони и воведување на нови правила на функционирање кои како такви тешко заживуваат во праксат и како такви доведуваат до дополнителни нервози и стресови.

Во училиштата се воведуваат многу проектни активности за чија сметка често знае да трпи наставата која се  реализира по утврден наставен план и наставни програми.

Во заштита на наставниците и нивните права, посебно во однос на стресните ситуации, поголем ангажман и заложба треба да имаат синдикатите во кои членуваат наставниците.

Ј.Б.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.