Students - Ученици

Начин на облекување (dress code) за ученици и наставници

Кога станува збор за стилот, односно начинот на облекување на учениците и вработените во училиштата, нема јасни насоки кои произлегуваат од законите поврзани со воспитно-образовниот процес. Училиштата самите врз основа на законските и подзаконските акти поврзани со воспитно-образовниот процес вметнуваат во Училиштниот етички кодекс на однесување неколку одредби во однос на облекувањето на учениците и вработените. Но, дали е тоа вистинското решени? На ваков начин секое училиште носи сопствени правила кои од училиште до училиште драстично може да се разликуваат. Најсооведно би било кога би се донел унифициран акт во кој би имало унифицирани правила во однос на облекувањето на учениците и наставниците и кој ќе важи за сите училишта во државата. За таа цел би требало да биде задолжено Министерството за образование и наука или пак тоа да задолжи некоја од другите институции кои функционираат во склоп на самото министерството. Тие би требало да формират работна група која ќе спроведе истражување и ќе ги слушне предлозите и мислењата на сите релевантни фактори вклучени во воспитно-образовниот процес: наставници, ученици и родители, а потоа врз основа на слушнатите предлози и размислувања ќе се подготви Правилник за учениците и вработените во училиштата кој ќе се однесува на нивното облекување и изглед.

Еве неколку првични предлози од кои би можело да се тргне во однос на воспоставувањето на правилата:

За учениците:

  • Облеката која ја носат учениците треба да биде чиста и уредна.
  • Облеката не треба да содржи обележја, натписи, фотографии и сл. кои би ги навредувале чувствата на другите во однос на етничката, верската, половата или пак друга припадност.
  • Кога учениците се во училиште не трба да носат капи и качулки, премногу накит и пирсинг (обетки на носто, усните и образите).
  • Не е дозволено да се носат куси здолништа, високи потпетици и облека која е тесно прилепена на телото, како и широко отворени деколтеа.
  • Не треба да се имаат неуредни и предолги нокти со упадлив лак на нив, а исто така не треба да се има шминка.

За наставниците

За наставниците секако треба да важат речиси сите претходни правила кои се однесуваат за учениците (со исклучок на шминката која не треба да биде прејака и потпетиците кои не треба да бидат превисоки за да може наставничката слободно да се движи и да ѝ биде удобно бидејќи целото нејзино работно време е на нозе и се движи во училницата помеѓу учениците).

  • Не е прикладно да носат тексасни пантолони со апликации или пак тексасни пантолони кои се искинати.
  • Непристојно е да се носат куси пантолони, дури не е во ред да се носат истите и за време на летниот период додека учениците се на летен распуст, а наставниците сè уште доаѓаат на работа.
  • Не е во ред да се носат маици или кошули без ракави.
  • Здолништата кои ги носат наставничките не треба да бидат куси, прифатлива должина е онаа која нема да биде 2 см. над нивните колена.
  • Во училиште не треба наставникот да доаѓа по папучи.
Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.