Teachers - Наставници

Непишани правила кои ќе им помогнат на новите наставници полесно да се снајдат

  • Уште на самиот почеток новите наставници треба да знаат дека многу често правилата кои ги учеле на факултет не кореспондираат со оние кои владеат и се применуваат во училиштата.
  • Новите наставници не треба да се потпираат на можноста дека постојано ќе ги набљудуваат нивните поискусни колеги и дека од нив ќе учат и истото ќе го применуваат во нивните училници. Новите наставници потребно е да учат од повозрасните но мора и самите да ја менаџираат наставата во нивната училница затоа што на тој начин самите учат од сопствените грешки и сопствената пракса.
  • Новите наставници премногу се оптоварени и му даваат значење на самиот тек на наставата, односно наставниот материјал кој треба да се реализира без да водат доволно сметка за нијансите поврзани со создавањето услови и клима помеѓу учениците за нормално следење на наставата.
  • Новите наставници немаат искуство за да се справат со непознати и непредвидливи ситуации поврзани со наставата. Тоа се должи на недостатокот на рутина.
  • Новите наставници честопати знаат да изгорат во сопствениот жар на ентузијазам. Честопати знаат да го преценат сопственото знаење, посебно она кое е поврзано со личните вештини и нивото на разбирање на училишните прашања и практика.
  • Новите наставници воглавно не се осмелуваат често да поставуваат прашања поврзани со наставата и училишниот живот сметајќи дека училишниот колектив и повозрасните колеги за нив ќе стекнат мислење дека не се доволно интелегентни.
  • Недоволно експлицитните информации поврзани со наставата понекогаш не им се доволно јасни на поискусните наставници а камо ли на новите наставници. Новите наставници честопати паѓаат во оваа замка, сакајќи да се покажат пред колегите тие почнуваат да објаснуваат и појаснуваат нешто што мислат дека го знаат, а во суштина многу малку или пак воопшто не го разбираат. Ваквиот нивен непромислен чекор се должи на нивната младост, неискуство и желбата за докажување.
  • Новите наставници треба да знаат дека нивните ментори имаат и нивни обврски поврзани со училиштето и наставата што понекогаш доведува да немаат доволно време да им посветат ним, новите наставници.
  • Новите наставници не е пожелно да се потпрат на нивното претходно поминато искуство во наставата (кое е исклучително минимално) при носењето на значајни одлуки поврзани со наставата, училиштето, а посебно со учениците.
  • Обезбедувањето и користењето на неофицијални информации, непроверени техники и методи на работа во наставата, може да доведе до голема конфузија во однос на стекнувањето на нови знаења од страна на учениците.
  • Новите наставници во однос на непишаните правила поврзани со училиштето и наставата може да учат следејќи го работењето на професионални образовни владини и невладини институции, следење на работата на другите наставници и соработка со другите наставници.

Ј.Б.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.