Students - Ученици

Десет успешни принципи за мотивација на учениците

Мотивирањето на учениците, без разлика на нивната возраст, претставува комплексна активност. За таа цел наставниците треба да изнајдат мотивациски стратегии кои ќе им помогнат успешно да ги анимираат и вклучат учениците во наставата. Следат десет кратки предлози за мотивација на учениците кои ќе им бидат од корист на наставниците во реализацијата на воспитно-образовната дејност.

  • Наставниците треба да ги анимираат учениците да имаат сопствени цели кои ќе бидат јасно креирани и достижни. Истовремено, континуирано треба да ги поттикнуваат учениците посветено да работат на остварување на поставените цели.
  • За остварување на целите учениците треба да имаат одредени вештини и знаења. Во однос на тоа наставниците треба да им помогнат на учениците мотивирајќи ги да развиваат компетенции преку кои тие ќе ги достигнат претходно зацртаните цели. Во таа насока наставниците треба да ги мотивираат учениците да имаат континуитет во нивните активности поврзани со учениците, внимателно да ги слушаат наставниците, да бидат посветени во однос на она што работат итн.
  • Изнаоѓање конкретни насоки преку кои ќе се поттикнат и мотивираат учениците. Преку нив учениците точно ќе знаат како да постапат за успешно да ги реализираат ученичките задачи и активности. Предложените насоки за работа од наставниците наменети за учениците треба да бидат едноставни, кратки и логични.
  • Секоја активност во која има вметнато забавни елементи може да се реализира посветено и да вроди со добри резултати. За таа цел наставниците треба да осмислат и да им понудат на учениците активности во кои ќе има вградено забавни елементи со што учениците за време на активноста ќе бидат компленто посветени на она што работат.
  • Учениците, односно поголемиот дел од нив, може да се мотивираат за работа доколку им се понудат активности од повисок ред. Овие активности од нив бараат вложување поголем интелектуален капацитет, посветеност и размислување. Оваа активност е добра мотивациска постапка, но при примената на истата треба исклучително да се внимава затоа што кај одредени ученици може да делува и многу демотивирачки. Од тие причини, наставникот најдобро е оваа мотивациска постапка да ја практикува индивидуално и согласно карактерот на ученикот.
  • Наставниците кај учениците секогаш треба да ја поттикнуваат љубопитноста затоа што таа е многу важна компонента која е директно поврзана со мотивацијата. Преку активирањето на љубопитноста учениците дознаваат повеќе информации за одредена работна задача или нешто што е предмет на нивен интерес.
  • За учениците мотивирачки делува изнесувањето на пофалби и охрабрувања. На тој начин се поттикнува и гради нивната самодоверба. Преку изнесување искрени пофалби и охрабрувања се зголемува мотивираноста на учениците во однос на нивните активности.
  • Во мотивирањето на учениците на наставниците им е дозволено да користат награди. Но, во однос на наградите наставниците треба да бидат внимателни во делот на нивното креирање и доделување.
  • Наставникот учениците треба да ги вклучува во колаборативни активности. Кога учениците работат заедно, кај нив се зголемува мотивацијата и постигнувањата се на повисоко ниво.
  • Наставниците треба да знаат дека учениците се повеќе посветени на училишните задачи и обврски кога знаат дека нивниот наставник им верува и има позитивно мислење за нив. Ова е нешто најважно во процесот на мотивирање на учениците.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.