Teachers - Наставници

ГРЕШКИ КОИ ГИ ПРАВAT НАСТАВНИЦИТЕ (намерни и ненамерни)

Во текстот што следи претставени се грешки кои ги прават наставниците (намерно и ненамерно), а кои влијаат во унапредувањето на целокупниот воспитно-образовен систем. Ваквите грешки влијаат воспитно-образовниот систем да тапка во место наместо истиот да се унапредува и осовременува.

  1. Се заборава дека учењето треба да биде забавно.
  2. Премногу се нагласува и осудува неуспехот, наместо од него нешто да се научи.
  3. Често се заборава дека учениците се деца, а не возрасни.
  4. Присутна е инертноста и неподготвеноста во однос на промените кои ги носи новото време.
  5. Кога се планира наставниот процес, не се вклучуваат доволно учениците, не се слушаат нивните размислувања и предлози како да се креира наставата.
  6. Се смета дека е потребно учениците да поседуваат исто знаење.
  7. Не се успева подеднакво да се активираат сите ученици во наставниот процес (најчесто се ангажираат учениците кои поседуваат повеќе знење или кои почесто креваат рака).
  8. Се градат нови училишта, а бројот на ученици се намалува.
  9. Се кажува како порано било образованието подобро, а бараме иновативност во наставата.
  10. Се дава предност на универзалност, а се бара креативност.
  11. Се бараат формални одговори наместо индивидуални размислувања (и таму каде треба и таму каде не треба).
  12. Често се случува добрите наставници да бидат запоставени за сметка на сервилните наставници.
  13. Се вреднува сервилноста на наставникот наместо неговата стручност, компетентност и способност.
  14. Да не се претерува со групната работа за сметка на индивидуалната истражувачка работа на учениците.
  15. Учењето честопати се упростува и сведува на бројки и букви.
  16. Честопати работите остануваат на идеи наместо да се преземат конкретни активности и реализација на конкретни дела.
  17. Треба подеднакво да се дава значење на прашањата поставени од страна на учениците, исто како што се дава значење на нивните одговори.
  18. Не се дава големо значење на квалитетот и применливоста на стекнатото знаење во реалноста, се дава преголемо значење на квантитетот на знаењето.
  19. Планирањата треба да бидат применливи и корисни за наставниците, тие не се изготвуваат за училишното раководство, стручна служба или инспекторите и советниците.
  20. Часот трае 40, односно 45 минути, со самото продолжување на истиот се одзема време од одморот на учениците (нивните физиолошки и други потреби), а се случува да се навлезе во рамките на следниот час и да се наруши концепцијата на реализација на часот на колегата. Затоа, не трба да се доцни на час (се случува да се одолговлечат разговорите со колегите во наставничката канцеларија, училиштниот ходник, пред вратите на училниците и часот да почне со 5, 10 дури и подолго задоцнување).
  21. Се занемарува и запоставува ИКТ, а таа е иднината во образованието.
  22. Често може да се слушне како било порано наместо да се каже како ќе биде во иднина.
  23. Осовременување на наставниот процес.
  24. На сите ученици да им се даде подеднаква можност.
  25. Учениците да се научат да читаат и учат со разбирање.
  26. Да се има предвид дека сите ученици немаат исти интереси во однос на дадените области и теми.
  27. Неоправдано се обвинува новата технологија за сметка на педагогијата.
  28. Неоправдано се обвинува педагогијата за сметка на новата технологија.
  29. Се нема доволно емпатија во однос на проблемите кои ги имаат учениците.
  30. Потребна е поголема грижа за училиштниот екстериер и ентериер.
  31. Училиштето треба да претставуваат место каде учениците релаксирано ќе учат.
  32. Наставниците помалку да зборуваат, повеќе да им се даде можност на учениците.
  33. Да им се даде можност на учениците да се стават во улога на реализатори на наставен час.
  34. Да се има добар однос со учениците, но да се има јасна граница и одредена дистанца дека наставникот е наставник, а ученикот ученик. Тие не се другари кои заедно излегуваат во дискотеки или кафулиња.
  35. Да се има предвид дека училиштето е место каде учениците се подготвуваат за животните предизвици кои ги чекаат по нивното завршување на образованието.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.