Teachers - Наставници

Како да се биде креативен наставник?

Да се биде наставник е една од најубавите професии. Оние кои се наставници, ова можат да го разберат и без дополнително објаснување. На ова тврдење, треба да се додаде и следново – една од најодговорните професии. Воспитувањето и образованието на младите генерации воопшто не е лесна работа. За тоа не постои „калап“. Од вас зависи дали и во колкава мера ќе бидете добар наставник. Ако навистина сакате да бидете наставник, прво што треба да направете е да излезете од тој „калап“.

Во постигнувањето на оваа цел не е доволно само познавање солидни техники на предавање и вештини, туку треба да се предизвика почитување и воодушевување кај учениците, како и олеснување во организирање на наставата и водење на часовите.

Воспоставувањето на добар и близок однос со учениците е многу важно за нивото на функционалност на вашите часови. Доколку не знаете како да се поврзете со учениците, тие, едноставно нема ни да го слушаат она што го зборувате, без разлика колку тоа би можело да им биде интересно.

Од друга страна, доколку успеете да воспоставите добар однос, ако знаете како да им се доближите, учениците ќе ви веруваат, атмосферата на вашите часови ќе биде се подобра, со самото тоа и нивната продуктивност, а вие ќе бидете покреативен како наставник.

Постојат многу стратегии за успешно реализирање на наставата, и сите тие се однесуваат на што покреативно пренесување на знаењето. Меѓутоа, вистинската стратегија треба да обезбеди совети и за стекнување на почит и восхит од страна на учениците, бидејќи тоа нема  да се случи само затоа што вие сте најпаметниот наставник кој учениците ги учи на „сѐ и сешто“ (а такви има многу), туку затоа што ќе го привлечете нивното внимание и со тоа ќе успеете да ги научите на нови работи, а тоа да не им претставува товар и обврска.

Сето ова не е воопшто едноставно. Меѓутоа, не е ниту неизводливо, напротив. Потребно е само доволно љубов кон сопствената работа, трпение, упорност и фантазија.

Во продолжение следат 26 навистина корисни совети кои ќе ви помогнат да бидете креативен наставник:

  1. Вашите предавања нека бидат поинакви.

Почитувајте ги методските правила, но не држете се слепо до нив. Доколку кај своите ученици забележете досада и прашање  „Уште колку има до ѕвончето“, треба да ви биде јасно дека во нешто грешите. Значи, променете нешто. Излезете од рамките на училиштето и вообичаените правила.

Споредете ги поимите кои ги објаснувате со предметите кои се поврзани со секојдневниот живот, со нешто што им е блиско и интересно.

За да успеете во ова, треба постојано да бидете во тек со актуелните случувања во нивниот свет. Користете за нив карактеристични термини (секако, без претерување), покажете им дека ги разбирате. Многу бргу ќе забележите дека ова навистина ќе им го привлече вниманието !

  1. Помогнете  им на учениците сами да смислат трикови за лесно и брзо паметење.

 Мотивирајте ги да смислат нови и подобри начини за учење. На тој начин ќе ги ослободите, ќе ја поттикнете нивната фантазија, ќе ги заинтересирате и ќе направите совладувањето на материјалот да биде полесно и поинтересно.

  1. Ако направите грешка, споделете ја со учениците.

Човечки е да се греши. Искреноста поучно ќе влијае на вашите ученици, а ќе влијае и позитивно на воспоставување на поблизок однос со нив. Бидете искрени. Доколку не го знаете одговорот или не сте сигурни во истиот, кажете  им. Или, уште подобро, понудете им некоја награда во вид на оценка или повеќе бодови доколку направат добро истражување на зададената тема и го дознале одговорот.

  1. Заменете ги местата.

Покажете им на учениците дека и тие ве научиле на нешто. Поради тоа ќе се чувствуваат убаво и вредно. Инсистирајте да ги замените улогите – тие нека ве научат на нешто ново. Ова е проверено квалитетна метода и секогаш дава одлични резултати. Еднаш месечно ставете се во улога на ученик.

  1. Активно следете го нивниот начин на размислување.

Кога поставувате прашање, не очекувајте веднаш точен одговор. Можеби е подобро да не го добиете веднаш, туку заедно со нив да дојдете до заклучок. Потрудете се да го разберете начинот на кој вашите ученици размислуваат за проблемот. Кога ќе забележите нов, интересен начин на кој проблемот би можел да биде решен, укажете им на истиот. Истото побарајте го и од нив.

  1. Потрудете се да дознаете повеќе за нивниот живот.

Доколку имате увид во информациите за тоа што моментално им се случува во животот, тоа ќе ви помогне полесно да се поврзете со нив и подобро да ги разберете.

  1. Направете своја блог страница на интернет.

Страницата учениците активно нека ја користат. На тој начин реализирајте дополнителен контакт со своите ученици. Тоа е добар начин да се поврзете со нив. Сепак, потрудете се да не бидете премногу пријателски настроени, за да ја одржите потребната дистанца.

  1. Користете примери од нивните животи во објаснување на материјалот. 

Искористете ги информациите за нив во примери, но во потребната доза. Ова не треба да подразбира нарушување на нивната приватност. Прашајте ги дали им одговара тоа што сте употребиле пример од нивниот живот. На тој начин ќе им дадете до знаење дека ви е важно нивното мислење.

  1. Ако веќе користете примери од нивниот живот, користете примери и од вашиот. 

На учениците ќе им биде интересно да слушаат за нешто што има врска со вас, па дури тоа да е измислено, нема да ве доживуваат како строг авторитет кој предизвикува непријатна атмосфера, туку како некој кој им  е близок.

  1. Користете имиња и презимиња на учениците при поставување на прашања. 

Не дозволувајте некого да испуштите. На учениците овие работи многу им значат. Секако ќе бидат поактивни на час.

  1. Учете ги за животот, не само за материјалот.

 Вие треба да им покажете и докажете како не треба да се учат само работи кои ќе им бидат практично применливи во животот, туку и за оние кои ќе ги збогатат со знаење, општа култура и информираност, што се заедно ќе им значи во животот како своевидно животно искуство.

  1. Донесете колачиња (или нешто слично) на час за да ги искористете во примери.

Истите поделете ги на учениците. Атмосферата ќе биде пријатна и поопуштена.

  1. Прашајте ги што би смениле во учебникот. 

Така ќе дознаете што им се допаѓа, а што не, што им  е тешко и неинтересно. Тие ќе ви дадат одговори кој е начинот на совладување на материјалот за нив најлесен и најинспиративен.

  1. Предавањата започнете ги со мотивирачки приказни 

Приказните навидум немаат никаква врска со лекцијата. Поставете ја приказната така да не биде очигледно за што зборувате за тој конкретен проблем. По некое време, учениците ќе се обидуваат во вашите приказни да ја откријат врската со материјалот, дури и ако таму навистина ја нема.

  1. Организирајте часови кои нема да имаат никаква врска со предметоткој го предавате.

Разговарајте со целото одделение за сè што ќе ви падне на памет. Темите не треба да бидат поврзани со материјалот на ниту еден начин. Следете во колкава мера сепак ја поврзуваат темата со предметот. Ќе биде забавно, а во исто време учениците ќе согледаат колку конкретниот предмет е вклучен во сите сфери на нашиот живот, односно во колкава мера не можеме да го заобиколиме додека разговараме за други работи. На тој начин, индиректно ќе им се укаже на значењето на наставниот предмет.

  1. Дозволете учениците да ви пронаоѓаат грешки во предавањето. 

Не дозволувајте егото да ве спречи во ова. Доколку ученикот ви пронајде грешка, прифатете го тоа и пофалете го ученикот. Дури, дајте им вежба до крајот на часот да ви ги кажат сите грешки кои вие сте ги направиле. Тоа ќе им биде интересно, но секако и поактивно ќе ве следат.

  1. Одведете ги во кино, театар, музеј , на изложба.

Покрај тоа што на овој начин ќе ги проширете видиците на своите ученици, ова дружење надвор од училиштето неверојатно позитивно ќе влијае на вашиот однос со нив. Но тоа поврзете го со наставата. На следниот час организирајте сумирање на впечатоците и разговор за тоа доживување.

  1. Смислете интересни начини да им доделите дополнителни бодови.

Секое прашање кое ученикот ќе ви го постави или секое размислување за материјалот, секој одговор, можете да го претворете во можност за дополнително наградување. Ова секако на учениците ќе влијае стимулативно.

  1. Дозволете им на учениците сами да состават тест.

Нека секој ученик состави едно прашање, а потоа сите поврзете ги во еден тест, кој, сите заедно ќе го решаваат и прегледаат на крај. Додека го составувате тестот, дозволете им да се договараат околу бројот на прашањата  и тежината на истите. Така, сите активно ќе учествуваат, а вие ќе создадете целосна слика за тоа, што и во колкава мера, на секој ученик пооделно не му е доволно јасно.

  1. Раскажувајте им вицови и смешни случки.

Бидете креативни и интересни. Комбинирајте ги смешните случки со материјалот. Трудете се секој час да го направите интересен. Учениците ќе ги сакаат вашите часови.

  1. Кога ученикот ќе каже нешто смешно, ставете му до знаење дека е навистина така.

Почитувајте го нивниот труд да бидат интересни, дури и кога не се. Секој сака да ги засмејува другите. Потрудете се да влијаете на формирањето на нивниот смисол за хумор.

  1. Организирајте час надвор од училницата.

Оваа промена позитивно ќе делува на нив. Учењето во околности кои не се во рамките на училишните простории ќе даде големи резултати. Воведете правило, на пример, секој месец да имате еден час надвор од училницата.

  1. Организирајте натпревар.

Бодрете ги и јакнете го нивниот натпреварувачки дух, но не дозволувајте тоа да внесе раздор меѓу нив.

  1. Дозволете им сами себе да се оценуваат.

Организирајте еден час на кој ќе им ја дадете можноста, секој од нив според своето мислење да си даде оцена на себе и своите другарчиња со образложение зошто така мисли. Овие оцени, секако нема да ги запишете во дневникот. Меѓутоа, на овој начин ќе создадете вистинска слика за тоа каков став имаат учениците за вашиот начин на оценување.

  1. Трудете се максимално да бидете наставник, методичар, педагог, психолог.

Доколку испуштете само едно од наведеното, ефектот нема да биде ист.

  1. Сакајте ја својата работа.

Кога ќе почуствувате дека сте се презаситиле од својта работа, дозволете си сами на себе кратка пауза, прашајте се зошто е така, а потоа полни со елан почнете со својата работа. За да бидете успешен наставник, важно е да уживате во својата работа.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.