Students - Ученици

Фактори кои влијаат на успешното учење

Во однос на успешното учење влијаат многу чинители. Секој од нив, кој помалку кој повеќе, со своите специфики влијае на процесот на учење и усвојување  знаења.

Физиолошките фактори кои се поврзани со успешното учење го претставуваат самиот квалитет на живеење, што подразбира: здравствена состојба, време на одмор, начин на исхрана, време поминато во природа, физички активности итн.

Следен многу битен фактор кој влијае и е тесно поврзан со успешното учење е мотивацијата. Таа е поврзана со позитивен став, желба за учење, позитивни очекувања и позитивни мисли. Во однос на учењето од голема важност е позитивниот став во однос на активноста која треба да се изврши. Исходот многу зависи од очекувањата.

Активното учество на часот подразбира ученикот да учествува на часот во однос на дискусиите, да поставува прашања, да изнесува сопствени ставови и размислувања. Ученикот на часот треба да биде присутен со мислите и да следи што се работи на истиот. Исто така важно е за време на часот да фаќа белешки кои потоа многу ќе му користат на ученикот кога ќе го учи материјалот.

На секоја активност која сакаме да вроди со позитивен исход ѝ претстои планирање. Планирањето во наставата е многу битно и тоа треба да биде краткорочно, среднорочно и долгорочно, а тоа подразбира изготвување план за учење на дневна, неделна и неколку неделна основа. Во однос на дневното планирање треба да се испланира колку предмети ќе се учат во денот и како учењето временски ќе се распореди. Од голема важност е планот да биде реален и изводлив. Потребно е помеѓу секое учење да се испланира пауза поврзана со активности кои кај оној кој учи ќе предизвикаат задоволство. Со креирањето на недлениот план се планира и времето за другите активности кои се битни во животот. Преку неделното планирање ученикот стекнува работни навики и контрола на останатите активности. Дневниот и неделниот план се составен дел од месечниот или повеќе неделниот план.

Доброто снаоѓање во наставниот материјал кој се изучува многу зависи од активностите на ученикот за време на часот. За таа цел се препорачува ученикот посветено да слуша што предава наставникот и истовремено да прави сопствени белешки во однос на она што се предава. На ваков начин ученикот со тек на време ќе може лесно да го издвои битното од помалку битното, а преку белешките кои меѓудругото ќе се состојат од клучни зборови и нови поими тој ќе може наученото да го презентира со сопствени зборови со што стекнатото знаење ќе биде подолготрајно за ученикот.

Повторувањето е мајка на знаењето. Стекнатото знаење кое ученикот еднаш го има презентирано треба да се повтори во повеќе наврати. На ваков начин ученикот за време на испрашувањата ќе го надмине стравот и темата, а презентирањето ќе биде на врвно ниво со тоа што ученикот ќе може течно да одговара и одговорот да го разложува конкретно и прецизно.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.