Teachers - Наставници

За или против – воведни семинари и обуки во професијата за наставниците приправници?!

По завршувањето на студиите на наставничките факултети и со првото вработување во училиштата, новите наставници се вклучуваат како активни учесници, реализатори на воспитно-образовниот процес. Првата година, доколку се вработат на слободно работно место, а не на замена по било која основа, на наставникот почнува да му тече неговиот приправнички стаж под менторство на поискусен колега кој го реализира истиот наставен предмет.

Се поставува прашањето дали е тоа доволно и дали со самото вработување наставникот приправник треба да подлежи и на одредени обуки и семинари преку кои тој ќе се запознае со одредени карактеристики на образовната дејност и ќе се стекне со одредени примарни компетенции во професијата. Доколку се има предвид дека наставата започнува во месец септември, добро би било новите наставници првите два месеца (септември и октомври) да поминат низ еден сет од обуки и семинари каде тие ќе се запознаат со:

  • Планирање на наставата – каде ќе имаат можност да се запознаат и да осознаат што е наставен план, а што е наставна програма, нивната структура и карактеристики. Во овој дел тие треба да научат што е годишно планирање и како тоа се изготвува; што е дневно планирање и како истото се изготвува; што е тоа планирање за час и како истото се изготвува.
  • Реализација на наставата – новите наставници со завршувањето на студиите се стекнуваат со стручно знаење од областа, но треба да знаат и методи на реализација; соодветни техники преку кои ќе воведат интеракција во наставата со што наставниот материјал ќе им го направат подостапен и попривлечен на учениците; форми преку кои ќе ја реализираат наставата; да знаат како да изготват и соодветно применат нагледни средства за работа.
  • Проверка на знаењата и следење на постигнувањата на учениците – Каде ќе имаат можност да се запознаат со критериумите и стандардите за оценување наменети за учениците; да се запознаат со Блумовата таксономија и нејзините нивоа; да се запознаат со бројчаното и описното оценување; да осознаат што е тоа повратна информација; начини и форми на проверка на знаењата; што е дијагностичко, формативно и сумативно оценување; како треба да се реализира усно, писмено и практично проверување на учениците; како да изготват и применат соодветни инструменти за следење и вреднување на постигнувањата на учениците; како да водат портфолио за секој ученик во кој ќе го бележат индивидуалниот напредок на секој ученик и во однос на тоа ќе можат да прикажат соодветни докази; да се запознаат со факторите што влијаат на постигањата; како да ги формираат и конципираат прашањата кои им се поставуваат на учениците.

Сметам дека претходно споменатите семинари и обуки се доволни на број. Преку нив ќе се воведат новите наставници во реализацијата на наставниот процес. Секако, незибежен и релевантен фактор за време на целиот приправнички стаж ќе биде и менторот на наставникот приправник кој ќе му помогне стекнатото знаење од завршените студии, како и она стекнато знаење од обуките и семинарите соодветно да го имплементира во наставниот процес. Ваквото воведување на новите наставници во наставниот процес уште на самиот почеток од нивната кариера кај нив ќе предизвика сериозен пристап во однос на  професијата која се одлучиле да ја работат во нивниот живот и истата ќе ја ценат и за истата ќе се борат да биде на повисок пиедестал во општеството.

Овој процес поврзан со воведните семинари и обуки во професијата за наставниците приправници треба да биде во надлежност на Министерството за образование и наука, поточно на Бирото за развој на образованието која институција се занимава со стручни работи од значење за развој и унапредување на воспитанието и образованието во нашата земја, а во која институција се вработени компетентни и стручни лица кои на високо професионално и стручно ниво ќе можат да ги реализираат семинарите и обуките за наставниците приправници.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.