Teachers - Наставници

Сервилните наставници го уништуваат угледот на професијата наставник

Општо гледано наставниците кои имаат сервилен однос кон училишните раководни структури и родителите може многу да добијат од нив, но затоа учениците на кои им предаваат вакви наставници ќе изгубат многу. Сервилните наставници преку нивното однесување го еродираат целокупниот воспитно-образовен систем, а истовремено во голема мерка придонесуваат наставничката професија да се наоѓа на најниските скалила и да биде маргинализирана во општеството, да го нема оној престиж и статус како порано. Сервилните наставници преку нивниот однос допринесуваат за хаотична состојба во образованието нарушувајќи ја општата слика за целокупниот образовен систем во една земја. Сервилните наставници преку нивното однесување допринесуваат да се замаскираат реалните системски проблеми во образованието. Преку сервилното однесување наставниците допринесуваат јавноста да перцепира дека  работните задачи на наставниците се сотојат само во стоење пред учениците и предавање на наставната содржина; дека работат само 3-4 часа во денот; дека секогаш се дома за викенди и празници и дека на лето се дома 3 месеци, а на зима 1 месец. Тие образованието го гледаат преку розови очила без да се фокусираат на аномалиите и системските проблеми кои водат кон деструкција.

Во овој случај мора да разјасниме дека сервилните наставници не се секогаш лоши како стручњаци, но преку нивната сервилност тие допринесуваат останатите чинители од опкружувањето да го перцепираат образованието како тие го замислуваат и доживуваат, а таквиот начин води кон негативни трендови во воспитно-образовниот процес. Сите знаеме дека има лоши наставници кои не се доволно стручни; кои со своето однесување го нарушуваат статусот и угледот на наставничката професија. Но, такви лица има во секоја професија. Не смее јавноста да суди само преку перцепција на стручноста и однесувањето на недоволно компетентните наставници затоа што во реалноста има голем број наставници кои се достојни и професионални да го носат името НАСТАВНИК. Доколку јавноста се фокусира само на некомпетентните наставници нема да може да се види големата слика и нема да може соодветно да се пристапи кон поправање на целиот образовен систем.

Сервилните наставници преку нивниот однос успеваат да се наметнат кај релевантните образовни фактори и да станат дел од работни групи кои се насочени со активности поврзани со реформите во образованието. Опасноста во однос на ова е тоа што колку овие сервилни наставници со нивниот сервилен однос реално ќе допринесат вистински да се слушне гласот на наставникот и неговата реална потреба поврзана со стручниот аспект и материјалниот статус.

Ј.Б.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.