Teachers - Наставници

Ефективен ментор – ефективен приправник

-Ефективност подразбира барање да се изврши избор на вистинските цели, а потоа со користење на постоечките ресурси, да се реализираат избраните цели.

Активностите на менторот започнуваат преку запознавање на приправникот со:

  • општата организираност на работата на училиштето;
  • бројот на ученици и одделенија во училиштето;
  • материјално-техничките услови за работа;
  • насока во која ќе се развива училиштето во периодот кој следи;
  • бројот на вработени лица во училиште според нивните работни позиции;
  • начини и облици на функционирање и работење на управните, раководните, стручните и техничките органи во училиштето;
  • проекти, програми и други активности во кои учествува училиштето;
  • начинот на соработка на наставниците со учениците, родителите, екстерните релевантни фактори поврзани со воспитно-образовната дејност, како и сите други релевантни фактори од непосредното општествено опкружување;
  • законска регулатива;
  • екстерна и интерна евалуација на работата на училиштето итн.

Заедничките активности помеѓу приправникот и менторот започнуваат со изготвување план за работа кој менторот треба да го креира заедно со приправникот согласно неговите афинитети, карактеристики, способности и интереси, а кои произлегуваат од законските норми и прописи за работа на наставникот.

            При изготвувањето на планот за работа менторот треба да креира сет од прашања, а одговорите на истите ќе му помогнат во креирањето на ефикасен план за работа со наставникот приправник. Согласно околностите и приликите менторот може да го коригира планот за работа.

Предлог прашања за изготвување на планот за работа со наставникот приправник:

  • Во која насока ќе се движат моите активности како ментор?
  • Што му е потребно на приправникот: вештини, знаење, литература, средства за работа…?
  • Што ми е мене потребно како ментор да го обезбедам претходно споменатото?
  • Кој уште може да биде вклучен за да ја постигнам посакуваната цел во работата со наставникот приправник?
  • Реално, колку време ми е потребно за индивидуална работа со наставникот приправник?
  • Кои инструменти ќе ми помогнат во успешното следење на работата на приправникот?
  • Кој/кои начини би ми користеле во давањето повратна информација?
  • Како да ја следам примената од добиените сугестии, информации и предлози од приправникот?
  • Како да ја следам документацијата која произлегува од активностите на наставникот приправник?
  • Што ќе ми биде важно да бележам и документирам во работењето со наставникот приправник?

Ј.Б.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.