Teachers - Наставници

15 НЕОПХОДНИ ВЕШТИНИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ПОСЕДУВААТ НАСТАВНИЦИТЕ ВО 21 ВЕК

Со стекнувањето на наставничката диплома завршува формалното образование да се стане наставник, но тоа е и појдовна точка на едно патување за наставникот наречено воспитно-образовен процес. За таа цел наставникот во 21 век треба да поседува одредени вештини како што се: флексибилност, приспособливост, истрајност итн. Наставникот во 21 век треба да биде подготвен на доживотно учење и отвореност за сите новитети кои ги носи новиот технолошки развој и напредок.  Покрај основните вештини, наставниците треба да бидат компетентни и во однос на новите вештини.

Приспособливост

Наставниците во современото дигитално време трба да се приспособат на новата технологија и да ги следат сите новитети, односно да бидат во чекор со нивните ученици. Со промената и иновацијата на технологијата се менува начинот на учење и примената на наставните помагала. Наставниците треба да бидат подготвени на приспособување на начинот на кој нивните ученици учат.

Доверба

Наставникот треба да има верба прво во самиот себе, а потоа во неговите ученици и колеги. Преку манифестирањето на доверба во луѓето, наставникот влијае и врз останатите со што ги инспирира да веруваат во себе и тие да станат подобри личности.

  Комуникација

Способност за успешна комуникација и тоа не само со учениците туку и со нивните родители, колеги и другите релевантни фактори од сферата на образованието. Од голема важност е наставникот да комуницира јасно и концизно за да информациите го постигнат посакуваниот ефект.

 Тимски играч

Наставникот треба да биде тимски играч кој треба да ги споделува информации со колегите и од нив да применува понудени информации кои успешно ќе функционираат во наставата. Овој пример треба да го пренесе и на неговите ученици затоа што преку тимска работа учениците учат едни од други, а исто така прави тие да се чувствуваат како припадници и дел од еден колектив како на ниво на училница така и на ниво на училиште.

Континуирано учење

Наставникот треба да биде подготвен на доживотно учење. Покрај тоа што од него учат и тој учи од другите. Светот се менува, наставните програми се менуваат, едукативната техологија се менува. Затоа и наставникот треба да се менува и да биде во чекор со ефикасните промени кои го подобруваат учењето.

Имагинација

Имагинацијата е творечки двигател кој ја поттикнува креативноста и иновативноста во наставата. Наставникот треба да се труди истата да ја пренесе и врз учениците. На тој начин учениците ќе бидат посветени и ангажирани во однос на активностите.

Лидерство

Наставникот треба на успешен начин и во вистинска насока да ги води учениците низ лавиринтот наречен воспитно-образовен процес. Истовремено треба да ги охрабрува и да им претставува добар пример со неговите постапки и однесувања.

Организираност

Наставниците кои сакаат успешно да делуваат во 21 век треба да бидат добро организирани. На тој начин тие поуспешно може да се справат со сите непознати работи и предизвици во нивната дејност. Организираниот наставник истовремено создава поефикасна средина за учење, а учениците постигнуваат повисоки резултати.

Иновативност

Наставникот кој делува во 21 век треба да биде подготвен да имплементира и успешно да користи и применува нови апликации, електронски уреди и технологии во наставата. Иновативноста подразбира и воспоставување врски помеѓу учењето и исходите кои произлегуваат од него преку реална примена во секојдневието. Иновативноста подразбира и креирање на нови ефективни начини на размислување и функционирање на нештата, во образованието.

Посветеност

Наставникот треба видливо да манифестира дека е максимално посветен во однос на неговите работни задачи. Учениците треба да увидат дека нивниот наставник сериозно и посветено се ангажира тие успешно да напредуваат како ученици.

Онлајн репутација

Модерното време на наставникот му овозможува да користи голем број социјални мрежи. Оваа можност наставникот треба паметно да ја искористи преку паметен избор на социјални мрежи и соодветен начин на комуникација. Наставникот преку социјалните мрежи ја гради сопствената онлајн репутација преку содржината и релевантноста на неговите споделени пораки на социјалните мрежи.

Избор на релевантни онлајн информации

Наставникот при изборот на онлајн информациите треба да биде внимателен. Тој треба внимателно да утврди и избере кои информации се точни и релевантни, а на тоа треба да ги подучи и учениците како да ги бираат релевантните и точни информации во однос на лажните информации.

Адекватен избор на ресурси

Наставникот кој сака да биде успешен во 21 век треба да направи адекватен избор на нагледните средстава, а за таа цел добар избор би му бил интернетот и консултациите со колегите. Ресурсите треба да бидат интересни за учениците и истите треба да им го привлечат вниманието и не само вниманието, туку тие треба да бидат функционално применливи во насока на постигнување на планираните цели.

Разбирање на технологијата

Последните години технологијата толку напредува што на сите ни преставува потешкотија да го следиме чекорот поврзан со нејзиниот напредок. Наставникот кој сака успешно да функционира во 21 век мора да биде во чекор со новата технологија и во својата училница да користи дигитални апликации и алатки. На тој начин учениците уште повеќе стручно ќе го доживуваат наставникот како стручна и компетентна личност која е во тек со новата технологија.

Способност да инспирира

Наставникот кој сака успешно да функционира во 21 век треба да изнајде адекватен начин како да ги инспирира своите ученици. Тој треба нив да ги поттикнува да размислуваат критички и да даваат сопствени издржани видувања на нештата кои ќе се засноваат на релевантни и издржани факти и докази.

Ј.Б.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.