ЛАТИНСКИ ИЗРЕКИ

ЛАТИНСКИ ИЗРЕКИ

  • Ab assuetis non fit passio – Човекот не го возбудува она што е често.
  • Ab Jove principium – Почнуваме од најважното.
  • Acta est fabula – Претставата е завршена.
  • Alea acta est – Коцката е фрлена.
  • Amor omnia vincit – Љубовта победува сè.
  • Amicus certus in re incerta cernitur – Вистинскиот пријатал се познава во невоља.
  • Amicus verus est rara avis. -Вистинскиот пријател е ретка птица.
  • Aquila non capit muscas – Орелот не фаќа муви.
  • Ars longa, vita brevis – Учењето е долго, а животот е краток.
  • Audaces fortuna juvat – Среќата им помага на храбрите.
  • Aurora Мusis amica est – Зората е пријателка на музите.
  • Bellum omnium in omnes – Војната е против сите.
  • Bene vixit qui bene latuit – Оној кој живеел добро, живеел незабележан.
  • Certo certius – Посигурно од сигурното.
  • Citius, altius, fortius! – Побрзо,повеќе,посилно!
  • Claude os, aperi oculos! – Затвори ја устата, отвори ги очите!
  • Cogito, ergo sum – Мислам, значи постојам.
  • Cornix cornici oculos non effodiet – Врана на врана не ѝ вади очи.
  • Cujusvis hominis est errare – Секој човек може да згреши.
  • De gustibus non est disputandum – За вкусовите не вреди да се расправаш.
  • Dies diem docet – Денот на денот му е поука.
  • Divide et impera – Раздели па владеј.
  • Divitiarum et formae gloria fluxa est – Кратка е славата на богатството и златото,
  • Dum spiro spero – Додека дишам (живеам), се надевам.
  • Dura lex sed lex – Законот е груб но е закон.
  • Equi donati dentes non inspiciuntur – На подарениот коњ не му се гледа во забите.
  • Errare humanum est – Да се греши е човечки.
  • Experientia docet – Искуството поучува.
  • Fas est et ab hoste doceri – И од непријателот треба да се учи.
  • Fide, sed cui, vide! – Верувај, само пази на кого му веруваш
  • Finis coronat opus – Крајот делото го краси
  • Gratia gratiam parit! – Љубовта раѓа љубов!
  • Hannibal ante portas – (Ханибал е пред вратата). Настапила опасност.
  • Historia magistra vitae est – Историјата е учителка на животот.
  • Hodie mihi, cras tibi – Денес мене, утре тебе.
  • Homo homini lupus est – Човек на човек е волк.
  • Honores mutant mores – Почитта го менува однесувањето (навиките).
  • Ignoramus et ignorabimus – Не знаеме, а никогаш нема ни да дознаеме.
  • Ignorantia nocet – Незнаењето штети.
  • Imago animi sermo est – Говорот е слика на душата.
  • In dubio pro reo – За сомневањата треба поблаго да се суди.
  • In vino veritas – Во виното е вистината.
  • Jus obruitur vi – Силата го закопува правото.
  • Justitia omni auro carior – Правичноста е поскапа од секое злато.
  • Mala herba cito crescit – Пирејот брзо расте.
  • Malum discordiae – Јаболко на раздорот.
  • Manifestum non eget probatione – Очигледната работа не треба да се докажува.
  • Manus manum lavat – Рака раката ја мие.
  • Medio tutisimus ibis – Најдобро е да се оди на средина.
  • Melius non incipient, quam desinunt – Подобро да не почнуваш, одколку да застанеш на пола.
  • Mens sana in corpore sano– Во здраво тело здрав дух.
  • Mutum est pictura poema – Сликата е тивка поема.
  • Nec Hercules contra duos – Ни Херкул (не може) против двајца.
  • Nolite jacere margaritas ante porcos – Не фрлај бисери пред свињи.
  • Non progredi est regredi – Да не напредуваш занчи да одиш наназад.
  • Non quis, sed quid – Не кој , туку што.
  • Non scholae, sed vitae discimus – Не за училиштето , туку за животот учиме.
  • Nulla regula sine exceptione – Ниедно правило не е без исклучок.
  • Tempora, o mores! – Чудни времиња, чудни обичаи!
  • Omne principium difficile est – Секој почеток е тежок.
  • Omnia mea mecum porto – Сè свое со себе си носам.
  • Omnium rerum mensura homo – Човекот е мера на сите работи.
  • Orate ne intretis in tentationem – Молете се да не дојдете во искушение.
  • Per aspera ad astra – Низ трње до ѕвездите.
  • Persona grata – Посакувана (драга) личност.
  • Persona non grata – Непосакувана личност.
  • Piscem natare doces – Учиш риба да плива.
  • Post scriptum – После она што е напишано.
  • Potentes potenter tormenta patientur – Кој се служи со сила, од сила и ќе загине.
  • Potius sero quam numquam – Подобро некогаш отколку никогаш.
  • Prima virtus est vitio carere – Најважна доблест е да бидеш без маани.
  • Primum vivere, deinde philosophari – Прво да живееш, после да филозофираш.
  • Primus inter pares – Први меѓу еднаквите по ранг.
  • Pulsate et operietur vobis – Тропнете и ќе ви отворат.
  • Quae nocent, saepe docent – Што штети, често учи.
  • Quidquid latine dictum sit, altum videtur – Што и да се каже на латинси звучи мудро.
  • Quisque suorum verborum optimus interpres – Секој е најдобар толкувач на своите зборови.
  • Recta linea brevissima, recta via tutissima – Правата линија е најкратка , правиот пат е најсигурен.
  • Reliquiae reliquiarum – Остаток од остатокот.
  • Repetitio mater studiorum est – Повторувањето е мајка на знаењето.
  • Res, non verba – Дела, не зборови.
  • Risu inepto res ineptior nulla est – Нема поневкусни работи од невкусното смеење.
  • Sapienti sat – На паметниот му е доста.
  • Sic itur ad astra – Допри ги ѕвездите.
  • Sine lege autem poena conscientia est – Каде нема закони, казна е совеста.
  • Si vis pacem, para bellum – Ако сакш мир, спремај се за војна.
  • Sunt facta verbis difficiliora – Потешки се делата од зборовите.
  • Surdo fabulam naras – На глувиот му зборуваш (залудно му зборуваш).
  • Tabula rasa – Таблица празна.
  • Tantum possumus quantum scimus – Толку можеме колку што знаеме.
  • Tantum scimus quantum memoria tenemus – Koлку што знаеме толку и памтиме.
  • Testis unus, testis nullus! – Еден сведок никаков сведок!
  • Timeo Danaos et dona ferentes – Се плашам од Данајците и кога носат подароци.
  • Tu quoque, Brute, mi fili? – Зар и ти, сине Бруте?
  • Ubi bene, ibi patria – Каде што е добро таму е домот.
  • Una hirundo non facit ver – Една ластовица не ја прави пролетта.
  • Unusquisque suae fortunae faber est – Секој е ковач на својата среќа.
  • Urbs aeterna – Вечен град (Рим).
  • Usus est optimus magister – Искуството е најдобар учител.
  • Ut ameris, ama –За да бидеш сакан, сакај!
  • Ut sementem feceris, ita metes – Што си посеал тоа и ќе жнееш.
  • Vae victis – Тешко на победените.
  • Veni, vidi, vici– Дојдов,видов,победив.
  • Venies sub dentem – Ќе ми дојдеш под заб (Ќе ми паднеш в раце).
  • Verba volant, scripta manent – Зборовите летаат , а она што е напишано останува.
  • Veritas vincit – Вистината победува.
  • Vinum et pueri veraces – Децата и пијаниците не лажат.
  • Virtus, non copia vincit – Победува храброста, а не мнозинството.
  • Vis legis – Силата на законот.
  • Vivere est militare! – Да живееш значи да се бориш! (Животот е борба!)
  • Vox populi, vox Dei – Гласот на народот е божји глас.
Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.