Teachers - Наставници

Дефицит на наставници – кој ќе ни ги учи децата

Проблемот е во неговиот зачеток и од ден на ден сè повеќе и повеќе станува евидентен со тенденција да ескалира. Доколку не се преземат соодветни и конкретни чекори за неколку години проблемот ќе биде многу голем и тешко решлив. Имено, во моментов се чувствува недостаток на стручен кадар по одредени наставни предмети со тенденција недостатокот на соодветен стручен наставен кадар да биде евидентен во однос на речиси сите наставни предмети. Во моментов најмногу се чувствува недостаток на наставници по физика и математика. Многу често овие наставни предмети во училиштата ги предаваат несоодветни наставници, односно наставници на кои им недостасуваат часови да оформат полн фонд или пак на тие работни места се вработуваат лица кои имаат завршено високо образование кое се смета за блиско или сродно со работното место за кое се бара наставник. Проблем со недостаток на наставен кадар многу бргу ќе се јави и во однос на наставните предмети хемиј, биологија, географија и историја, а најголем е бројот на дипломиран невработен наставен кадар од одделенска настава. Ова го кажувам водејќи се од ситуацијата која владее во училиштата од моето непосредно опкружување. Оваа појава посебо е евидентна во руралните општини и нивните населени места, но проблемот е евидентен и во градските средини, посебно кога има потреба од замена на наставник кој е отсутен од настава по основ на боледување или пак некоја друга основа. Можам да изнесам пример поврзан со наставникот кој им предава германски јазик на моите деца. Истиот користеше неплатено отсуство од три месеци (беше во Германија во потрега на друго работно место), а во тој период моите деца повеќе од еден месец губеа настава додека училиштето не најде адекватна замена.

Проблемот се јавува од неколку причини. За да се завршат одредени факултети, треба да се вложи голем труд и посветеност и заради тоа овие факултети не се привлечни за идните студенти (физика и математика). Примањата на наставниците не се на завидно ниво и заради тоа на идните студенти не им е предизвик да станат наставници. Има дипломирани наставници кои завршиле некој наставнички факултет но заради поголема плата се одлучиле да работат во друга бранша.

Последниве години станува тенденција наставничките факултети да запишуваат сè помал и помал број студенти. Како пример е случајот со факултетите во нашата земја кои продуцираат наставници по македонски јазик. На речиси сите факултети кои функционираат во нашата земја: Скопје, Штип и Битола (од тетовскиот универзитет не располагаме со податоци) вкупно се запишани околу 30 студенти.

Државата во однос на оваа појава час поскоро мора да преземе мерки за надминување на оваа негативна појава. Во оваа насока треба да се размислува за намалување на бројот на студиски години односно семестри за да се стане наставник, како што беше до пред околу 20 години кога за да се стане наставник во одделенска и предметна настава во основно образование требаше да се завршат две студиски години. Државата добро е да размислува во оваа насока и да продуцира наставници со две завршени студиски години теорија и една година задолжителна пракса пред да се земе наставничката диплома, односно факултетот да трае 2+1 година студии во однос на наставниот кадар каде што има дефицит, а тоа со тек на време да стане пракса и во однос на другите наставнички факултети доколку се процени дека ваквиот чекор ќе има позитивен исход. Треба да се размислува наставничките факултети да ги ревидираат студиските планови и наставни програми и да ги адаптираат на новото време и трендовите кои ги носи истото. Исто така државата треба да размисли во насока на зголемување на платите на наставниците имајќи го предвид нивниот ангажман и обем на работа. Во училиштата крајно време е да започне да функционира карирерниот развој каде ќе се направи диференцијација меѓу наставниот кадар. Непринципиелно е сите наставници да имаат исти примања. Мора да се направи дистинкција помеѓу наставниците. Наставниците кај кои е евидентен успех во работењето, а кој успех се манифестира преку нивниот ангажман и учество на семинари, обуки, работилници, учество во училишни тимови, учество и остварување успеси на натпревари од страна на учениците на кои тие им предаваат  итн. треба да се наградат и да ја добијат соодветно пропишаната титула: наставник ментор, односно наставник советник. Треба да се направи ревидирање на законските регулативи кои го опфаќаат функционирањето на основното и средното образование.

Ова е само едно гласно размислување во насока на надминување на проблемот кој е во зачеток во образованието, а кој е поврзан со наставниот кадар без кој не може да се реализира адекватен и посакуван образовен процес.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.