Нова година е идеално време за нов почеток

Нова година е идеално време за нов почеток

Лошите мигови нека останат далеку зад нас во старата година наталожени со прашина како никогаш претходно да не постоеле. Во новата година зачекорете храбро и направете го она што отсекогаш сте сакале да го направите, за кое едноставно претходно сте немале време, храброст, желба или доволен мотив. Новата година значи нов почеток, најдобро време да донесет таква цврста одлука.

Првенствено започнете да мислите за себе, посебно на сопственото здравје, не дозволувајте сите други да ви бидат на прво место, на тој начин во иднина себеси и сите кои ги сакате нема да ги доведете на директен или индиректен начин во непосакувана ситуација. Престанете со некои лоши навики, како што е пушењето, прекумерното конзумирање алхохол, нездравата и нередовната исхрана. Почнете да вежбате редовно, ослабете, така ќе се чувствувате подобро и задоволно. Вашето тело ќе ви биде благодарно.

Можеби ова е време кога конечно ќе ја смените фризурата. Сигурно имате некоја потајна желба во поврзана со вашата коса во однос на бојата, должината, обликот. Не се плашете, земете ја сликата в раце на која се наоѓа фризурата која ја посакувате. Косата бргу расте, бојата лесно се менува, оставерете ја замислата која подолго време тлее во вас.

Ветете сами на себе дека оваа година ќе издвоите повеќе време за личностите кои ви значат во животот: семејството, роднините и пријателите. Живееме во брзо време во кое стресните ситуации стануваат секојдневие. Затоа, најдете време да излезете со пријателите, добро е почесто да се гледате и да пиете кафе заедно. Почесто гледајте се со роднините, а не само на свадби или, или пак погреби. Не е доволно само да се слушате на телефон и да си лајкувате на социјалните мрежи. Најдете време, онака, без причина да појдете на гости или да ги повикате кај вас на гости, старите велат „крвта не е вода“. И секако, секојдневно одвојте време за вашиот партнер и вашите деца. Бидете во тек со нивните случувања, радувајте се заедно на успесите и бидете им утеха за време на поразите.

Тргнете веднаш со промените, животот е едени единствен, животот нема реприза!

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.