Teachers - Наставници

Добар теоретичар – лош практичар

Наставниците со подолг работен стаж и претставниците кои вршат стручен и законски надзор во работењето на училиштата имале можност да се сретнат со наставници теоретичари и наставници практичари. Секој од овие наставници има специфики и квалитети.

Наставниците теоретичари се оние наставници кои имаат големо теоретско познавање на материјалот кој треба да го реализираат пред учениците. Овие наставници имаат знаење кое слободно може да се мери со знењето на универзитетскиот наставник. Но, помеѓу овие наставници има и такви наставници кои тоа знаење кое го поседуваат не знаат правилно да им го пренесат на учениците. Овие наставници првенствено грешат во тоа што немаат добар воведен дел, а со самото тоа не можат да им го привлечат, а потоа и задржат вниманието на учениците. Нивното реализирање на наставата се состои во сувопарно предавање без примена на соодветни примери од секојдневието на учениците, или пак примери кои им се ним блиски. Овие наставници имаат замисла да ја реализираат наставата на тој начин што ќе изнесат голем број податоци и поими без да водат сметка за тоа дали поимите им се доволно јасни на учениците и дали наставната материја која ја реализираат е согласно нивниот когнитивен развој и годините кои ги имаат учениците. Во нивното предавање на наставните содржини најзастапен е фронталниот начин на реализација. Често се случува наставниот материјал да е преобемен и недоволно разбирлив за учениците. Ваквите предавања уште од самиот старт не се интересни за учениците, тие за време на ваков час се досадуваат или само физички се присутни на часот, едвај чекаат наставниот час да заврши со што на крај резултатите на учениците гледано на ниво на паралелка односно клас се слаби.

Кај наставниците практичари ситуацијата е сосема поинаква. Поголемиот број од овие наставници немаат знаење кое може да се мери со знаењето на универзитеските професори. Обично нивното знаење е соодветно на она што е планирано да се реализира со наставната програма за соодветниот предмет кои тие го предаваат. Овие наставници за разлика од претходно споменатите секој час знаат да го направат динамичен и интересен за учениците. Часот на овој наставник од почеток до крај е интересен и исполнет со позитивна работна атмосфера. Тоа се должи на посветеноста на наставникот наставната содржина која ја реализира да им ја направи лесно разбирлива и привлечна на учениците. Учениците со нетрпение го очекуваат наставниот час на овој наставник и на секоја средба со него ѝ се радуваат. Наставникот практичар има добро осмилен план како учениците да бидат мобилни од самиот почеток па до самиот крај на наставниот час. Тој тоа го прави на тој начин што има интересен воведен дел од часот преку кој го привлекува нивното внимание, а потоа се труди да го одржи за време на целиот час. Овој наставник на секој час користи нагледни средства, користи различни форми и методи на работа, а посебен акцент става на наставните техники за да ангажманот и учеството на учениците биде уште поголемо. Наставната содржина им ја прави привлечна на учениците на тој начин што она што го предава го поврзува со практични примери кои се блики и лесно разбирливи за нив.

Како заклучок може да се изнесе дека е добро наставникот да има големо теориско знаење во однос на наставниот предмет кој го предава, тоа му дава стручен кредибилитет пред учениците, колегите, родителите. Но, многу е важно наставникот да знае да направи успешен трансфер на тоа знаење на тој начин што успешно ќе го сподели и пренесе на учениците, а не знаењето да остане кај него од причини што тој нема соодветен пристап и начин кој е разбирлив за учениците.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.