Teachers - Наставници

Светот се движи – наставникот се движи

Светот се движи напред посебно кога станува збор на технолошки план. Одреден технолошки пронајдок кој бил функционален и применлив во одредено време, за неколку години може да ја изгуби својата функција или пак истиот може да се усоврши и да стане пофункционален. Наставникот како темел на воспитно-образовната дејност треба да биде во тек со сите светски трендови и случувања, посебно оние поврзани со технологијата и сите промени поврзани со образованието.

            Наставникот не смее да си дозволи да застане на стекнатото факултетско знаење бидејќи истото по извесен период застарува и може да не е соодветно во таа форма да се примени. Замислете еден наставник кој предава предмети поврзани со електроника во средно стручно училиште, а кој дипломирал пред 30 години, ако тој во своето предавање се држи до она стекнато знаење кога го завршил факултетот и во меѓувреме воопшто го нема обновено истото, колку тој ќе биде во можност на денешниве генерации ученици да им пренесе соодветно и функционално знаење кое кореспондира со денешниов технолошки развој во дадената област?! Од тие причини, како што рековме, наставникот не смее да застане на факултетското образование. Тоа знаење треба континуирано да се обновува и надоградува бидејќи светот не стои во место, истиот постојано и прогресивно се движи напред. Во денешно време иновациите, пронајдоците и откритијата се бележат на дневна основа. Од тие причини тој треба постојано да ги следи сите нови достигнувања, посебно во областа каде е стручен, односно предмет кој го реализира, а секако треба да биде во тек и со трендовите и иновациите воопшто во образованието.

            Наставникот треба доживотно да се усовршува. Тоа усовршување го реализира преку посета на семинари, работилници и обуки. Но, ова не се единствените начини на стручно усовршување, денес наставникот може и самоиницијативно да се образува преку следење на литература  (печатена и електронска) од областа во која е стручен и преку следење на литература (печатена и електронска) поврзана со педагогијата, методиката и дидактиката.

            На ваков начин наставникот станува иновативен во однос на примена на новостекнатото знаење на часовите кои ги реализира, секако, пропратено со соодветен избор на форми, методи и техники на работа. Преку ваквиот негов ангажман тој дава позитивен пример и е соодветен модел од кој учениците учат. Стекнуваат стручно знаење и знаење како треба да се однесуваат правилно и пристојно.

            Наставникот кој се „движи“ и ги следи сите позитивни новитети и трендови во образованието преставува позитивен пример од кој треба да учат не само учениците, туку и неговите колеги и воопшто сите релеванти општествени фактори во една земја.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.