Teachers - Наставници

Учебник или наставна програма – што реализира наставникот

Наставникот како реализатор на наставниот процес, во однос на учебниците може да има и одредени забелешки. Тие забелешки може да се однесуваат на погрешни информации дадени во учебникот; сиромашна содржина во однос на вежби, задачи и активности;  неадекватни дадени содржини преку кои е предвидено да се реализираат наставните цели; лош графички квалитет во однос на фотографии, слики, графикони, табели итн. како и фонтот на буквите и општо гледано во однос на квалитетот на учебникот од визуелен аспект. За овие грешки во учебниците наставниците обично ги обвинуваат авторите и издавачките куќи како и одредени поединци и институции кои на директен или индиректен начин се вклучени во создавање и одобрување на истите.

Во однос на грешките на кои реагираат наставниците во учебниците, без разлика какви и да се тие, наставниците се целосно во право. Грешките не се дозволени во учебниците од причина што учебниците се битен извор на информации од кој учат учениците, а истите во голема мерка ги користат и наставниците кога реализираат одредена наставна содржина.

Сепак, треба да се потенцира дека учебникот не треба да биде основен, а уште помалу единствен извор кој треба да го користат наставниците во однос на реализацијата на наставната програма. Исто така, наставниците треба да знаат дека тие не реализираат учебник туку реализираат наставна програма за соодветен наставен предмет за соодветно одделение. Учебникот не е наментет за нив, учебникот е наменет за учениците. Денес кога информациите се насекаде и лесно достапни, посебно во електронска форма, треба да се користат и другите извори на информации како средства од кои учениците ќе учат откако претходно наставникот ќе им даде конкретни насоки околу тоа кои извори се адекватни и располагаат со богати и проверени информации во однос на дадениот наставен предмет. Учебникот треба да е само еден од многуте дидактички помагала  за учење.

Што би се случило доколку од одредени, оправдани или неоправдани причини во однос на одреден предмет нема учебник. Дали во тој случај нема да има настава за тој предмет? Дали наставниот процес во однос на тој предмет треба за запре? Се разбира дека не, наставата и понатаму треба да продолжи. Во овој случај наставникот ќе ја креира наставата водејќи се по наставната програма користејќи релевантни информации во електронска и печатена форма, а кои се однесуваат на целите и наставните содржини од истата, при што учениците ќе усвојат нови поими преку предложените активности и преку дадените дидактички препораки.

Праксата покажала дека одредени наставници многу подобро ја осмислуваат, креираат и реализираат наставата согласно наставната програма, не земајќи го учебникот во прв план при реализација на наставните содржини, туку користејќи информации од електронски извори, енциклопедии, нови достигнувања во однос на она што го предава како и користењето на добро избрани нагледни средства и техники на работа.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.