Educational instruments and tools - Образовни инструменти и алатки

Образовни стратегии по ваш избор

Додека трае факултетското образование на идните наставници тие изучуваат одредени наставни стратегии кои обично кога ќе почнат со работа во училиштата ги занемаруваат и забораваат.

Успешната настава подразбира добро испланиран начин на реализација на активности преку кои ќе се реализираат наставните содржини и на крај ќе се постигнат посакуваните цели. Во цела оваа дејност несмеат да се заобиколат наставните стратегии кои се во тесна корелација со активностите кои ги реализираат наставниците. Наставната стратегија помага успешно да се направи трансфер на знаење. Во текстот што следи ќе посочиме наставни стратегии, вие самите одлучите кои од нив се помалку, а кои повеќе функционални во наставниот процес.

Централизација

Наставникот има централна улога. Тој користи фронтален начин на реализација на наставата сметајќи дека директно го пренесува знаењето на учениците.

Стекнување знаење преку искуство

Знаењето се добива врз основа на претходно стекнатото искуство. Ученикот треба да биде оспособен да размислува аналитички за да може да го концептуализира претходно стекнатото искуство носејќи соодветни одлуки во однос на она што го изучува.

Прилагодливост

Оптималното учење подразбира учениците да добиваат инструкции прилагодени на нивните стилови на учење.

Школувањето продолжува дома

Домашното школување го поддржува образовниот развој на детето и дома, со еднакво одговорен пристап и интензитет како и во училиште.

 Слободен избор

Овој пристап се однесува на слобода на ученикот при изборот на ресурси согласно неговите потреби и сфери на интерес.

Насочено подучување

Наставникот им помага на учениците на тој начин што ги поттикнува да го поврзат знаењето со моќта и способноста за самоиницијативно преземање конструктивни едукативни акции.

Насоченост кон поединецот

Пристап модифициран на развој на поединецот согласно неговите карактеристики.

Искуствено образование

Процес кој се јавува директно помеѓу наставникот и ученикот базиран врз претходно искуство од средината и содржината.

Активен субјект

Ученикот не е пасивен субјект, ученикот е активен субјект кој активно учествува во креирањето и реализирањето на сопственото образование.

Социјална конструктивност

Учењето се заснова и се состои од општествена одговорност преку постојана интеракција со другите.

Радикален конструктивизам

Знаењето не се добива на пасивен начин преку сетилата врз база на  комуникација. Знаењето се стекнува непосредно на активен начин. Сознанијата се адаптивни и одржливи. На когнитивен начин ученикот се организира во однос на искуствениот свет.

Учење базирано на проекти

Ученикот учи преку конкретно ангажирање во одреден проект низ повеќе фази: планирања, организирање, реализирање, презентирање, евалуирање.

Континуирана поддршка

Континуирана поддршка на дневна основа дадена од страна на наставникот согласно потребите на учениците.

Прилагодување на потребите

Се дава поддршка за време на процесот на учење кој е прилагоден на потребите на ученикот во насока да му се помогне да постави сопствени цели за учење.

Учење преку откривање

Наставникот ги поттикнува учениците да стекнуваат знаење преку поставување претпоставки и хипотези кои ќе ги потврдат или отфрлат.

Континуирано учење

Наставникот го поттикнува ученикот да учи континирано, а не кампањаски, само кога ќе има повторување.

Индивидуален пристап

Наставникот има индивидуален пристап кон секој ученик согласно неговите афинитети и способности.

 Меѓуврсничка соработка

Учениците се поттикнати да учат едни од други согласно тоа кој во која област покажува поголем успех.

Примери од секојдневието

Во наставата се користат примери кои на учениците им се блиски и истите се од нивното секојдневие.

Теорија-пракса

Наставникот наставната содржина на учениците првично им ја објаснува теориски, а потоа им понудува пример од праксата, блиски до нив и по можност од нивното секојдневие, каде учениците имаат можност да видат како нештото функционира практично.

Учење базирано на проблеми

Ученикот е ставен во проблемска ситуација. На тој начин тој учи, решавајќи го проблемот стекнува нови знаења.

Потенцирање

При изучување на наставната содржина наставникот ги потенцира главните делови и ги исткнува новите поими.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.