School - Училиште

Зошто помалата паралелка/клас овозможува поквалитетна настава?!

Моменталната законска регулатива во однос на бројот на ученици во паралелка, односно клас не соодветствува со денешните општествени прилики и текови во воспитно-образовниот процес. Повеќе од една деценија се водат дебати околу тоа дали е потребно да се намали бројот на ученици во паралелките, односно класовите за да има поефикасна настава.

Во однос на погоре кажаното предвид треба да се имаат и моменталните случувања, односно денешната реалност кога наталитетот е опаднат како и миграцискиот бран на иселување кој ја има зафатено нашата земја. Реално, спроведувањето на законската регулатива во однос на бројот на ученици во паралелка/клас евидентна е во поголемите градски центри и средните атрактивни училишта и средните стручни училишта кои нудат атрактивни насоки кои продуцираат кадри кои денес се барани на пазарот на труд (пример, средните медицински училишта). Ситуацијата со другите основни и средни училишта покажува сосема нешто друго, а тоа е итна законска интервенција во насока на намалување на бројот на ученици по паралелки и класови.

Учениците кои посетуваат настава во паралелка/клас со помал број ученици се во поповолна ситуација од останатите ученици кои учат во паралелки/класови со поголем број ученици. Реализирањето на воспитно-образовната дејност во помала паралелка/клас овозможува наставникот да има повеќе време на располагање да посвети на секој ученик. Тој има време за индивидуален пристап во однос на секој ученик, откако претходно низ воспитно-образовниот процес ги утврдил силните и слабите страни на секој ученик, бидејќи имал доволно време да ги согледа нивните карактеристики, интереси и можности. Со самото тоа тој полесно може да ја планира, креира, а потоа и реализира воспитно-образовната работа. Во помалите паралелки/класови атмосферата во самата училница е порелаксирана со самото тоа што од просторна гледна точка учениците се чувствуваат покомотно, истовремено може да се воведе и поголем ред и дисциплина за време на самиот час кога во училницата бројот на ученици е помал. Во овој случај наставникот може полесно и да ги детектира учениците кои допринесуваат за недисциплина во паралелката/класот. Учениците кои учат во помала паралелка/клас имаат чувство дека наставникот има повеќе време да посвети поединечно за секој од нив. Наставникот низ реализацијата на наставата може да согледа кој од учениците покажува поголем, односно помал интерес и соодветно да интервенира во таа насока, исто така има поголема можност да им понуди на сите ученицит подеднакво да бидат активни со што ќе имаат поголема можност секој индивидуално да ги изнесе и сопствените знаења, видувања, размислувања и предлози во однос на наставата која се реализира. Помалите паралелки/класови им нудат поголема можност да дојдат до израз учениците кои се потивки и поповлечени. Наставникот кога реализира настава во помали паралелки/класови на располагање има поголемо време за потемелен пристап во однос на прегледување на тестовите и писмените работи на учениците, а со самото тоа тој дава посеопфатна и поквалитетна повратна информација. Во помалите паралелки/класови наставникот има можност да планира и реализира различни форми, методи и техники на работа, што не е пример кога реализира настава во поголеми паралелки/класови. Кога наставникот реализира настава во помали паралелки/класови истовремено има и помал обем на административна работа, а со самото тоа има повеќе време да посвети на стручниот дел од наставата. Во помалите паралелки/класови има поголема можност за кохезивно, сплотено делување на паралелката/класот, а со самото тоа минимизирање и сузбивање на групирањето на учениците и создавање ривалства и кавги помеѓу групите ученици. Наставниците од одделенска и од предметна настава кои се одделенски, односно класни раководители имаат повеќе време за индивидуални средби и со учениците и со родителите и повеќе време за преземање корективни мерки на делување во однос на учењето и однесувањето на учениците.

Кажаново е само еден мал дел од можните придобивки кои би произлегле во наставата кога паралелките/класовите би биле со помал број ученици. Крајно време е да се направат законски корекции во овој дел затоа што бенефитот би бил голем за сите чинители кои на директен или индиректен начин се вклучени во воспитно-образовната дејност.

Ј.Б.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.