Каква екстерна проверка на постигањата на учениците е потребна во образованието

Екстерната проверка на постигањата на учениците е потребна, не смееме уште на самиот старт да имаме негативен став и одбивност кон овој процес. Но, прашањето е како треба истата да се осмисли за да биде функционална, а исходите од неа да бидат искористени за креирање образовни политики за надминување на проблемите и аномалиите во образовниот процес.

Појдовната замисла на екстерното образование треба да биде во насока на согледување на резултатите од наставата и преземање корективни мерки за надминување на детектираните недостатоци. Во никој случај чинителите на образовниот процес, посебно оние кои ќе бидат вклучени во истото не смеат да го доживеат екстерното проверување на знаењето на учениците како репресивна мерка, односно дека некој има замисла да ги казни учениците, а преку нив и наставниците и на крај и самото училиште.

На екстерна проверка на знаењето на учениците треба да подлежат одреден број на паралеки од одделенијата, односно одредени класови од секоја година од средните училишта, а не сите ученици, но секако треба да се испланира дека секој ученик додека посетува училиште од 1 одделение до 4 година треба трипати да подлежи на екстерна проверка на неговотот знаење, еднаш во одделенска настава, еднаш во предметна настава од основното образование и еднаш во средното образование. Екстерното проверување не треба да биде најавено, и не треба да се знае кои ученици ќе подлежат на истото. Целата би била да се утврди колку е реално стекнатото знаење од учениците, а прашањата би произлегле од целите кои се наоѓаат во наставната програма. Согласно наставниот предмет и неговата природа, на прашањата да се одговара со: заокружување на понудени одговори, дополнување како одговор и давање целосен писмен одговор. Добиените резултати од екстерната проверка не треба да влијаат директно на успехот на учениците, а преку нив да се казнуваат наставниците. Добиените резултати од екстерната проверка треба да послужат за ревидирање на наставните програми на тој начин што ќе се утврди кои наставни цели и наставни содржини учениците потешко ги совладуваат и да се утврди причината зошто е тоа така, а потоа соодветно да се интервенира во наставната програма. Доколку во одредени училишта по одреден наставен предмет се утврди дека континуирано има послаби резултати од страна на учениците треба да се утврди дали наставникот како реализиатор на тој наставен предмет има во тоа удел преку неговото несоодветно реализирање на наставните содржини. Доколку е тоа така, тогаш наставникот не треба веднаш да биде казнет туку трба истиот да посетува обуки за негово усовршување посебно во делот на реализирањето на наставата. Доколку се утврдат лоши резултати во континуитет кај учениците на кои им предава овој наставник, тогаш треба да се реализираат одредени казнени мерки.

Екстерното проверување на постигнувањата на учениците треба да се доживее како мерка за детектирање на аномалиите и несдостатоците во образованието, а следен чекор би бил планирање адекватни образовни политики за нивно надминување. Доколку се има ваков пристап ниту учениците ниту наставниците ќе бидат под стрес, туку тоа ќе се разбере како една образовна мерка која ќе послужи да се подобри образовниот процес.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.