Teachers - Наставници

Наставниците со алармантна стапка ја напуштаат професијата

             Напуштањето на наставничката професија не е нешто што се случува сега, оваа појава била евидентна отсекогаш. Но, последните години според Институтот за политика за учење од САД се проценува дека 8% од вкупниот број наставници во САД ја напуштаат наставничката професија секоја година.

(https://learningpolicyinstitute.org/sites/default/files/product-files/Teacher_Turnover_BRIEF.pdf)

 Според истиот институт утврдено е дека напуштањето на професијата наставник, посебно се има засилено последните 20 години. На прашањето зошто? Се испоставило дека не е лесно да се даде едноставен одговор.

            Работни услови

             Истражувањето на Институтот за политика за учење од САД покажло дека многу наставници заминале заради незадоволството од условите во кои морале да ја реализираат наставата. Реализирањето на наставата не е едноставен процес, напротив, тој е тежок и сложен процес, а уште посложен и потежок е кога нема соодветни ресурси. Наставниците се приморани самите да ги набавуваат и да ги плаќаат наставните материјали кои ги користат, што за нив делува многу фрустрирачки. На тоа ги додаваат и условите за работа, односно немањето адекватни просторни услови, а тоа дополнително фрустрирачки влијае на наставниците.

           Зголемен надзор преку тестирања

            Тестирањата многу години наназад се пракса. Но, последните години резултатите од истите, одговорните на образовните окрузи во САД ги користат за контрола на работата на училиштата, па дури и на наставниците. Констатирано е дека сега, за разлика од порано, поголема е контолата во однос на тоа што се предава, кога се предава и како се предава. Многу тамошни наставници велат дека ја немаат повеќе поранешната автономија во однос на тоа да ја креираат работата во училница како што тие сакаат, туку ја креираат согласно резултатите од тестирањата, а според нив на тој начин се губи креативноста во работењето.

            Плата

            Наставниците отсекогаш се борат за поголеми примања, но јазот помеѓу платите на наставниците и другите професии значително е зголемен последната деценија. Соред (National Education Association http://www.nea.org/home/12661.htm) , во 1994 година наставниците биле платени 2% помалку од другите професии за кои е потребно да се има високо образование. Денес наставниците се помалку платени за 19%. Иако во изминатиот период платите на наставниците биле зголемени, инфлацијата довела тоа да не се почувствува, заради таа состојба денес некои наставници работат и по 2-3 работи.

            Стрес

            Наставниците често знаат да кажат што на шега, што вистина, дека нивната работа е стресна. Но истражувањата покажале дека тоа е многу повистиниото отколку што луѓето го перцепираат како фактичка состојба. Студијата спроведена во 2017 година од Универзитетот во Мисури

 (https://journals.sagepub.com/doi/abs/10.1177/1098300717732066?journalCode=pbia&) покажала дека 90% од наставниците во основните училишта пријавиле „високо ниво на стрес“. Како последица ги навеле државните тестирања, недостаток на поддршка од образовната администрација, зголемен надзор од родителите и јавноста во целина. Овие стресни фактори довеле до нарушување на здравствената состојба на наставниците и послаби резултати во училницата како и намалување на задоволството од работата.

Недостаток на почит

            На крајот на денот секој свесен наставник знае дека преку неговата професија нема да се збогати. Секој совесен наставник знае колку неговата позиција како наставник е важна и колку со неговиот ангажман може позитивно да влијае во развојот на учениците. Совесниот наставник вложува труд и љубов, но во последно време наставникот има чувство дека вложува само труд, а за кој труд не му се возрвача со соодветно ниво на почит. Очекувањата од државата, родителите и јавноста и понатаму продолжуваат да растат, а оваа ситуација доведува до тоа да се намалува нивото на почит од страна на учениците кон наставниците. На крај на наставниците им останува самите себе да се поддржат и меѓусебно да си понудат помош.

Опишаната состојба во текстот се однесува на моменталните образовни прилики во САД

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.