School - Училиште

Четиридневна работна недела нов тренд во училиштата

Овој тренд на четиридневна работна недела се бележи во САД. Во САД повеќе од 500 училишни окрузи имаат дозволено некои училишта или пак сите нивни училишта да ја пробаат можноста за 4 работни дена во неделата. Првичните резултати од оваа можност се позитивни. Откажувањето од традицијата не е едноставна работа, а посебно кога еден работен ден децата, посебно помалите, треба да останат сами дома. Од досегашните искуства во однос на овој начин на функционирање на училиштата издвоени се неколку позитивни работи.

           Наставниците имаат повеќе време за подготовка

            За да се реализира успешна настава неопходно е добро да се планира целокупниот наставен процес кој во текот на учебната година согласно потребите на учениците често трпи и измени. Токму тој еден ненаставен ден на наставниците може да им биде добродојден соодветно да ја испланираат и консолидираат наставата во однос на она што ќе реализираат во текот на преостанатите денови од неделата.

            Тридневен викенд

            Професијата во која би имало секоја недела тридневен викенд треба исклучително да се почитува и во однос на истата да се има максимално сериозен пристап. Тоа е ретка специјална награда која најверојатно ја нема во ниту една друга професија. Многумина би рекле, звучи премногу добро за да биде вистина.

            Слободен ден кога може да се извршат работи кои е тешко да за реализираат во работен ден

            Ова конкретно се однесува на закажување преглед на доктор или пак на забар или пак посета на некоја институција за што ученикот би требало да губи од настава за да може да ги посети преходно споменатите места. Токму овој слободен ден во неделата може да се искористи за сите неопходни активности поврзани со детето без тоа да губи од наставата, а посебно би било добро и за ученикот и родителот кој родител работи како наставник. Наставникот исто така, за време на овој ден може да заврши многу работни активности од причина што истите за време на работната недела не може да ги реализира бидејќи е на работа.

            Вклучување на локалната заедница

            Во однос на четиридневната работна недела може да се вклучи локалната заедница преку нудење активности на учениците на кои им се создало вишок слободно време, да бидат ангажирани во различни полиња на работа каде учениците покажуваат интерес за својата идна професија. Ова може да биде начин учениците да имаат еден волонтерски ден поврзан со сферата на интерес за нивната идна професија. Ова посебно важи за учениците од повисоките одделенија/класови.

            Учениците подобро се однесуваат

            Кога учениците имаат повеќе слободно време за одмор и рекреација, во преостанатиот дел од работната недела кога се ангажирани се пофокусирани во однос на она што работат и истовремено постигнуваат повисоки резултати.

            Наставниците се поефикасни

            Слободното време за релаксација и одмор делотворно не влијае само на учениците, тоа многу делотворно влијае и на наставниците. Тие се поодморни, имаат повеќе време за себе, а секако и повеќе време попосветено да се ангажираат во однос на работата која ја извршуваат. Дополнителното време од еден ден во неделата влијае позитивно на ефикасноста на наставникот.

            Можност за учење надвор од училиштето

            Училиштата кои вовеле четиридневна работна недела петиот работен ден често го користат за организирана посета на културно-историски знаменитости и излегување во природа, односно здрава животна средина, надвор од урбаните места за кои споменати места потешко се наоѓа време во текот на петдневната работна недела. Дополнителниот слободен ден нуди многу дополнителни можности за наставни активности кои не се поврзани со присуство во училиште.

            Задржување на наставниците

            Училиштат во кои одливот на наставници не е евидентен имаат поорганизирана и посинхронизирана работа и често се поуспешни од другите училишта. Преминувањето во четиридневна работна недела нуди можност за помал одлив на наставниците бидејќи тие имаат повеќе време за себе со што им се намлува чувството на исцрпеност и истрошеност во однос на она што тие го работат како професионалци.

            Поуспешни воннаставни активности

            Дополнителниот слободен ден нуди поорганизирано и поуспешно да се реализираат воннаставните активности, посебно оние поврзани со спортот и спортските натпревари. Овој дополнителен ден нуди можност за успешно планирање, организирање и реализирање на сите воннаставни активности кои не мора секогаш да се поврзани само со спортот.

            Финансиска заштеда

            Првичната причина за воведување четиридневна работна недела во училиштата била заштеда на финансиски средства. Со намалувањето на еден работен ден во училиштата се зголемуваат заштедите во однос на електрична енергија, затоплување, превоз на учениците и уште некои други работи. Сепак анализите кои биле направени покажале дека имало заштеди но не онакви какви се очекувале да бидат. Заклучокот бил дека е подобро да има некакви отколку никакви заштеди.

            Претходно кажаното е поврзано со случувања кои се однесуваат на 500 училишни окрузи во САД. Колку би бил ефективен и ефикасен овој начин на работа да се спроведе кај нас е знак на прашање со оглед на условите кои владеат во нашите училишта. Сепак, можеби и вреди да се проба со неколку основни и средни училишта во нашата земја кои би биле избрани како пилот училишта за воведување четиридневна работна недела, а подоцна да се направи сеопфатна анализа во однос на ефектите од ваквиот начин на работење.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.