Teachers - Наставници

Зошто треба да бидат почитувани наставниците?!

        Доколку прашаме било кој наставник што не му се допаѓа во однос на неговата работа, сигурно ќе слушнеме голем број одговори во насока: мала плата, стресна работа, недоволна почит од стрна на учениците и нивните родители итн. Исто така од поголемиот број наставници покрај овие работи кои им пречат во нивната професија ќе слушнеме дека сепак се задоволни од фактот што имаат можност да влијаат во животот на нивните ученици. Доколку размислиме добро ќе согледаме дека тоа е ретка и благодарна можност која не е евидентна во најголемиот број професии.

            Во однос на позитивното влијание на наставникот врз ученикот покажале и многу истражувања. Истражувањата покажале дека посветените наставници не само што позитивно влијаеле за време на наставата на ученикот, ефектите биле евидентни и по завршувањето на образованието на ученикот, кога тие созреале како личности и она што постајано им било сугерирано додека биле ученици, за време на наставата, тие го примениле во нивниот живот како зрели личности и од примената на сугестиите и она што го научиле имале позитивен исход во многу ситуаации.

            Позитивниот ефект на наставникот во однос на ученикот е подалекусежен од секој учебник кој го користи ученикот за време на неговото школување. За време на еден училишен ден, учениците повеќе ги гледаат наставниците отколку нивните родители. Наставниците не само што им се едукатори на учениците во однос на стручниот материјал, тие се и нивни животни тренери. Наставниците се обидуваат да им го доближат пореално надворешниот свет кој ги опкружува и ги подучуваат како да се справат со него.

            Едно американско истражување покажува дека 88% од учениците кажале дека во нивниот живот има најмалку еден наставник кој позитивно влијаел во нивниот севкупен живот. Според истото истражување повеќе од 80% од Американците за време на нивното школување имале најмалку еден наставник кој помогнал во градењето на нивната доверба и самодоверба. Приближно истиот број испитаници кажале дека наставникот влијаел тие да ги исполнат своите соништа. Замислете денес, кога динамичниот живот влијае детето да ја загуби сопствената самодоверба и вербата во другите, колку е важен и потребен посветениот наставник кој преку неговиот соодветен пристап позитивно влијае во однос на ученикот.

        Многу често се случува наставникот и да не е свесен, односно да не знае колку многу може да допринесе во однос на ученикот преку неговиот позитивен пристап. Секој наставник кој има поголемо работно искуство има сопствена приказна поврзана со случка кога сметал дека ништо не постигнал во однос на одреден ученик без разлика на тоа колку труд и посветеност вложил во него, за да повеќе години подоцна истиот ученик му се заблагодари на наставникот за неговата грижа и поддршка искажана кон него. Наставникот може многу позитивно да влија врз животот на ученикот без да биде и свесен за тоа.

      Наставникот покрај ученикот е од неговата најмала возраст. Тој него го учи како правилно да зборува, како да чита, како да смета, како да се однесува кон другите. Тој покрај него е сè додека го заврши образованието и не порасне во една личност која ќе може сама да се грижи за себе и да биде одговрна за сопствените постапки. Благородно е да се каже дека наставникот многу ни помогнал и се вложил себеси во она што денес сме ние и во она што го постигнуваме и реализираме во нашиот живот.

Ј.Б.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.