School - Училиште

Забрана на мобилните (паметни) телефони во училиштата

Франција е една од ретките земји која го има забрането користењето на паметните телефони во училиштата и тоа го има уредено со закон, но се поставува прашањето дали овој чекор ќе вроди со посакуваните исходи.

Сега кога цврсто чекориме во 21 век веќе не можеме да ја негираме технологијата, таа е составен дел од нашиот секојдневен живот. Со истата сме опкружени постојано, паметни телефони, паметни автомобили, паметни кујнски апарати итн., вклучувајчи ја и училницата. Денес и оние наставници кои пред повеќе години даваа отпор во однос на примената на напредната технологија, се помирија со фактот дека таа не може да се заобиколи па така и тие денес користат во својата работа и живот паметни телефони, компјутери, таблети итн.

Од неодамна во француските училишта донесен е закон со кој се забранува користење паметните телефони во училиштата и тоа важи за сите ученици до 15 години. Ваквиот чекор е преземен како решение со кое треба да се справат образовните институции при надминувањето на проблемите поврзани со премногу трошење време од страна на учениците во однос на користењето паметните телефони и неможноста да се фокусираат на другите активности кои произлегуваат од училишните обврски. Поддржувачите на овој закон се надеваат дека истиот ќе допринесе и во однос на намалувањето на меѓуврсничкото онлајн малтретирање.

Францускиот министер за образование законот го именувал како „закон за 21 век“ за кој смета дека ќе има позитивно влијание на дисциплината во училиштата. Тој вели отвореноста кон новата технологија не значи примена на истата во сите сфери, ако сакаме да ги подготвиме учениците за 21 век мора учениците да ги подготвиме да бидат и добри во однос на сите науки и општата култура преку кои учениците ќе се социјализираат и соодветено ќе комуницираат и соработуваат со другите.

Во однос на овој нацрт-закон постојат мислења дека тој нема многу да придонесе во намалувањето на употребата на паметните телефони во училиштата затоа што голем број од наставниците забрануваат користење на паметните телефони во училиште и пред да профункционира законот. Тие сметаат дека овој закон се носи заради публицитет, а не за воспоставување на некој ред. Критичарите на овој закон велат дека забараната за користење на телефоните во училиштата може да доведат до проблеми поврзани со безбедноста и логистиката. Тие сметаат дека без телефон учениците нема да можат да ги контактираат своите родители како да ги земат по завршувањето на училиштето или пак да ги контактираат при некои вонредени ситуации, а исто така велат дека учениците доколку не ја користат новата технологија, конкретно во случајов паметните телефони, нема да бидат доволно подготвени да бидат во чекор со новите технологии со кои се опкружени во секојдневието.

Поддржувачите на овој закон велат дека забраната за користење на паметните телефони во училиштата ќе допринесе за поголема интеракција и социјализација на учениците. Тие исто така велат кога учениците ќе ги немаат паметните телефони во училиште повеќе време ќе посветат на физичките активности за време на паузите со што тие повеќе меѓусебно ќе си играат и ќе се дружат наместо да играат игри на паметните телефони (кои во последно време се опасни и по нивните животи) или да листаат по социјалните мрежи и портали.

Од новата технологија не е никогаш доста. Таа ни го олеснува животот во многу сфери вклучувајќи го и учењето. Овозможува да истражуваме и многу бргу да доаѓаме до посакуваните информации. Но каков е ефектот врз учениците, посебно од паметните телефони. Од едно истражување добиени се податоци дека половина од тинејџерите кои учествувале во истото кажале дека се зависници во однос на нивниот паметен телефон, а 78% од нив кажале дека чувствуваат потреба да го проверат својот телефон најмалку еднаш за време од еден час. Дали треба да се измисли нов термин наречен „мобилофобија“ страв од неможност или спреченост да се провери мобилниот телефон.

Сето ова внимание и време кое учениците го посветуваат на новата технологија може да влијае на мозокот. Една спроведена студија од Корејски универзитет покажала дека децата кои биле зависници од нивните паметни телефони станале многу повозбудени и повознемирени со што имале проблеми во однос на адекватно фокусирање во однос на наставата.

Денес наставниците ќе ви кажат дека новата технологија покрај тоа што е нивни сојузник таа е и нивен конкурент. Тие многу потешко може да го привлечат вниманието на учениците преку процесот на подучување затоа што учениците преку модерните технолошки средства веднаш доаѓаат до информациите кои наставникот сака да им ги пренесе. Но тука е прашањето колку тие информации соодветно ќе бидат примени како информација преку новата технологија за разлика  од пристапот преку кој наставникот етапно и постапно ќе им ги пренесе тие нови информации и знаења.

Користењето на паметните телефони и новата технологија го олеснува наставниот процес во секоја смисла, нуди брз проток на информации и часот го прави поинтересен и подинамичен. Но секако дека треба да се внимава во однос на користењето и управувањето со истите, затоа што на дофат се многу непроверени лажни информации но и апликации и информации кои може да не се соодветни за возраста на учениците.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.