Teachers - Наставници

10 ПРИЧИНИ КОИ ГИ ЗБЕСНУВААТ НАСТАВНИЦИТЕ

Надворешни евалуации

Надворешните евалуации на работењето на училиштата најчесто се релизира преку институции кои се занимаваат со креирање образовни политики: ДПИ (интегрална евалуација); БРО (стручен увид); ДИЦ (државна матура, а до не така одамна и екстерно оценување). Сите овие активности се поврзани со следење и мерење на активностите поврзани со воспитно-образовната работа и како такви имаат за цел преку добиените резултати да креираат образовни политики. Сепак, самата постапка како процес создава немир и нелагодност како кај наставниците така и кај учениците.

Плати

Платата на наставниците никогаш не била на соодветно посакувано ниво, тоа е случај и денес кога платата на наставникот е под просечната плата во државата. Платата на наставниците како лица со високо образование во споредба со другите професии кои се со високо образование се едни од најнеплатените. Наставничката плата никако не може да ги следи зголемувањата поврзани со животните трошоци што наставникот го тера постојано да се бунтува и да протестира..

Се работат и други работи

Заради малите примања наставниците често работат и други работи. Тоа најчесто се држење курсеви по странски јазици или пак држење приватни часови најчесто поврзани со предметите: математика, физика и хемија или пак пишување состави за одреден надомест. Други пак наставници кои живеат во рурални средини најчесто за да го надополнат семејниот буџет се занимаваат со земјоделие и сточарство, а има наставници кои се занимаваат со трговија или работат во угостителство. Заради ова наставниците се чувствуваат незадоволно, а често се и под разни критики затоа што не успеваат да ги научат учениците во училиште па родителите мора да плаќаат дополнителни часови и курсеви.

Домашни подготовки за утрешниот работен ден

Најголемиот број од професиите не бараат дополнителна работа дома што не е пример со наставничката професија. Наставниците се посебно гневни кога треба повторно да изготвуваат дневни планирања, посебно оние од предметна настава, иако и оваа година предаваат како и минатата во исто одделение, односно клас бидејќи ист е наставниот материјал.  Можеби е ист наставниот материјал, но не се исти учениците, нивниот број во училница, а и тие може да се разликуваат според нивните интереси, начини на учење и развојни карактеристики. Реално гледано наставниците во своето работење ја сакаат рутината.

Домашни задачи за наставниците

Наставникот секојдневно треба дома да се подготвува за реализација на утрешниот наставен ден. Но, дополнително заморно и напорно делува прегледувањето на тестовите и писмените работи на кои кога наставникот посветено работи, ги проверува и вреднува, одземаат многу часови, па дури и денови.

Состаноци

Наставниците во нивната работа често имаат состаноци, групни и индивдуални, кои ги наметнува нивната работа и професија. Прашање е колку тие состанчења се продуктивни и колку истите на крај ќе вродат со плод, односно конкретно продуктивно решение.

Технологија

Новата ера носи нови начини на работа. Денес технологијата напредува многу забрзано што често им претставува потешкоитија на наставниците да бидат во чекор со истата. Првично со комјутеризирањето на училницата и примената на ИКТ создаваше нервоза кај наставниците, а може да се каже дека и денес таа нервоза кај одреден број наставници сè уште е присутна. Денес во училниците влегуваат и паметните електронски табли за кое ракување со истите наставниците треба да се обучат, а посебна нервоза предизвикуваат потешкотиите во однос на успешното поврзување на лаптопот со ЛЦД проекторот.

Големи паралелки/класови

Секој наставник ќе ви каже дека идеално би му било да работи во клас/паралелка со 20 ученици па дури и помалку. Сепак, согласно законот за основно и законот за средно образование во делот на бројот на ученици во паралелка тоа не е пример. Често паралелките знаат да бројат и повеќе од 30 ученици што претставува вистински проблем на секој наставник да реализира ефективна настава, односно час кој ќе има позитивни наставни исходи.

Недостаток на основен работен материјал

За да се реализира еден успешен наставен час покрај стручноста и ангажманот на наставникот потребни се и адекватни наставни средства и наставни материјали. Но, не е секогаш баш така. Многу често се случува училиштето да не му излезе на наставникот со можност за копирање на наставни листови, а камо ли некоја друга пософистицирана опрема со што насатвникот често е приморан самиот да вложи свои финансиски средства да го реализира она што го планира, а е поврзано со наставата.

Градење односи

Денес е друго време, кога учениците се многу послободни во нивното однесување, посебно кон нивните наставници. Денес многу често учениците се повикуваат на нивните права, но за жал заборавајќи ги нивните обврски. Денес најголемиот број од родителите вината за лошиот успех на нивните деца ја бараат во наставниците без да се запрашаат колку за тоа имаат удел нивните деца.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.